2 Летописи 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Пренесување на ковчегот во храмот

1 2 Сам 8,11; 1 Цар 6,14 И се заврши сета работа, што ја изврши Соломон за домот Гос­подов. И го внесе Соломон посветеното од татко му Давид сребро и злато, и сите садови ги предаде во ризниците на Божјиот дом.

24 Мојс 3,31; 1 Лет 15,25Тогаш Соломон ги свика во Еру­салим сите старешини на племињата на Израел и сите началници на домовите на Израеловите синови, за да го пренесат ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град, односно од Сион.

3И се собраа кај царот сите Израелци на празникот, во седмиот месец.

4И дојдоа сите старешини израелски. Левитите го кренаа ковчегот;

51 Лет 15,2го понесоа ковчегот и скинијата на собранието и сите свети садови, што беа во скинијата, – го понесоа свеште­ници и левити.

6А царот Соломон и сиот народ, што се беше собрал кај него пред ковчегот, принесуваа жртви – овци и волови, толку многу, што не беше можно да се избројат и пресметаат.

7Откр 11,19И свештениците го внесоа ков­чегот на заветот Господов на местото негово, во Светињата над светињите, под крилјата на херувимите.

81 Мојс 3,24Херувимите беа со раширени кри­лја над местото на ковчегот и го покриваа ковчегот и лостовите негови одозгора.

9Лостовите се издигаа така, што дршките им се гледаа пред Свети­њата над светињите, но не и надвор; тие се таму и ден денес.

102 Мојс 16,34; 5 Мојс 10,2; Евр 9,4Во ковчегот немаше ништо, освен двете камени плочи, што Мојсеј ги беше положил на Хорив, кога Господ направи завет со Израеловите синови, по излегувањето нивно од Египет.

Славата Господова

11 1 Лет; 24,1-19; Лк 1,8 Кога свештениците излегоа од светилиштето – зашто сите свештеници, што беа таму, се осветија, без разлика на нивните редови,

12Езд 3,10; 1 Лет 9,33; 13,8тогаш сите пејачи – левити: Асаф, Еман, Једутун и синовите нивни и браќата нивни, облечени во свечени облеки, со кимвали, харфи и лири стоеја на источната страна од жртвеникот, и со нив заедно сто и дваесет свештеници, трубеа со труби.

132 Мојс 40,34; Ер 33,11; Пс 100,5; Езд 3,11; 1 Лет 16,34И додека трубеа и пееја сложно во еден глас, воспевајќи и славопоејќи Го Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите Го фалеа Господа дека е добар дека милоста Негова е вечна, – тогаш домот Господов се исполни со облак,

142 Мојс 19,16; 40,35; Откр 15,8така што поради облакот свеште­ниците не можеа да продолжат со служба, зашто славата Господова го исполни Божјиот дом.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help