Јов 32 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Говор на ЕлијујЕлијуј објаснува зошто го прекинува молчењето

1Кога тие тројца мажи престанаа да му одговараат на Јов, би­дејќи се сметаше за невин,

233,1-33се разгори гневот на Елијуј, син Варахиилов, од Буз, од Рамовиот род; се разгоре гневот негов против Јов, поради тоа што тој се правеше попра­веден од Бога;

334,1-33а против тројцата негови пријатели се разгоре гневот негов затоа што тие не знаеја што да одговорат, а пак го обвинуваа Јов.

4Елијуј чекаше додека тие говореа со Јов, зашто по години беа постари од него.

5А кога Елијуј виде дека нема одго­вор во устата на тројцата мажи, гневот негов се разгоре.

615,10И одговори Елијуј, син Варахии­лов, од Буз, и рече: „Јас сум млад по години, а вие сте старци; затоа јас се плашев и не се осмелував да ви го кажам моето мислење.

78,8; 12,12Јас си велев: нека говорат дните и многулетието нека поучува во муд­рост.

81 Мојс 41,38-39; Ис 11,2; Дан 2,45Но има дух во човекот, и духот на Седржителот го вразумува.

9Не само многулетните се мудри, ни­ту само старците знаат што е право.

10Затоа велам: ислушајте ме, ќе ви го кажам и јас моето мислење.

11Јк 1,19Ете, чекав вие да се искажете, го слушав вашето расудување, додека вие говоревте.

12Внимателно ве следев, и никој од вас не го изобличи Јов и не одговори на зборовите негови.

1332,1Немојте да речете: ‚ние наидовме на мудрост: Бог ќе го убеди, а човекот не може.‘

14Ако тој ги упатуваше зборовите свои кон мене, јас ќе му одговорев не со вашите зборови.

15Се исплашија, повеќе не говорат; не знаат што да кажат.

16Чекав, а тие пак не говореа, пре­с­танаа и повеќе не зборуваа.

17Јас ќе говорам за сѐ, ќе го кажам мислењето свое.

18Затоа што сум полн со зборови, и духот ме притиска однатре.

19Ер 20,9; Мт 9,17Ете, утробата моја е како затворе­но вино: готова е да прсне како нови мевови.

20Ќе позборувам, за да ми се олес­ни; ќе си ја отворам устата и ќе одговорам.

21Нема да гледам кој е кој и на ни­кого нема да му ласкам,

22Пс 12,3-4зашто не умеам да ласкам: за миг Создателот мој би ме зел.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help