1 Ис 63,15 Спомни си, Господи, што нѐ снајде; милостиво погледај и види го срамот наш!
2Авд 1,11Наследството наше мина на туѓинци, куќите наши – на луѓе од други племиња;
3Пс 68,5; Јн 14,18останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици.
4Ис 55,1Водата своја ја плаќаме за сребро, дрвата наши ги купуваме со пари.
5На вратот имаме јарем, и нѐ гонат; исцрпени сме и не ни даваат да здивнеме.
6Ер 2,18; Ос 12,2Протегаме рака кон Египќаните и кон Асирците, за да се нахраниме со леб.
7Ер 2,5; 7,25; Ез 18,2; Ис 53,6Татковците наши грешеа: нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие.
8Робовите ни се господари, а нема кој да нѐ избави од рацете нивни.
9Храната си ја набавуваме со страв – пред мечот во пустината.
10Од лут глад, кожата ни поцрнела како печка.
11Жените ни ги бесчестат на Сион, девојките – во градовите јудејски.
12Кнезовите ги изобесија со свои раце, лицата на старците не ги почитуваа.
13Момците носеа воденички камења, а децата паѓаа под товари дрва.
14Старците веќе не седат пред портите; момците не пеат.
15Се сврши радоста на срцето наше; нашите ора се претворија во тага.
16Падна венецот од нашата глава; тешко нам, што згрешивме!
17Поради тоа и боледува срцето наше; поради тоа и потемнеа очите наши.
18Ис 34,13-15; Ез 13,4; Мих 3,12Бидејќи запусте гората Сион, лисици одат по неа.
19Пс 102,12; 145,13; 146,10Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род.
20Ис 49,14; Пс 44,24Зошто наполно нѐ забораваш, нѐ оставаш долго време?
21Ер 31,18Врати нѐ кон Себе, Господи, и ние ќе се вратиме; обнови ги деновите наши како во старо време.
22Ис 64,8; Ер 14,19; 33,24-26Зар наполно си нѐ отфрлил, зар без мерка си се разгневил на нас?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
