Езекиел 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Загатка за орелот и лозницата

1И дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, предложи загатка и кажи споредба за домот Израелов.

3Откр 12,14Кажи, вака вели Господ Бог: Голем орел со големи крилја, со долги перја, буфлест, шарен долета на Ливан и застана на врвот од еден кедар,

416,29; 5 Мојс 8,7; Ис 44,4ја открши најгорната гранка со гранчињата, ја донесе во хананската земја и ја стави до градот на трговците;

5зеде од семето од онаа земја, го по­сеа во погодна земја и го постави до го­лемата вода, како што се садат врбите.

6И тоа израсна и стана лоза, широка, ниска во височина, чии прачки се на­веднуваа кон неа и корењата нејзини беа под неа, па стана лоза, и пушти фи­данки и прачки.

7Откр 12,14Имаше и еден друг орел со големи крилја и буфлест; и ете таа лоза се про­влече кон него со корењата свои и ги рашири прачките кон него за да ја по­лива од браздите на расадникот свој.

8Таа беше посадена на добра земја, покрај голема вода, така што можеше да пушти ластари и да дава плод, да стане величествена лоза.

9Кажи – така вели Господ Бог: ќе успее ли таа? нема ли да ѝ ги искорнат корењата нејзини, нема ли да ѝ ги искинат плодовите нејзини, така што таа да се исуши? Сите млади ластари, што израснале од неа ќе се исушат. И без голема сила и без многу луѓе ќе ја ис­корнат со корењата нејзини.

10И ете, макар што е посадена, па ќе успее ли? Нема ли да се исуши, штом ќе дувне источниот ветар? – ќе се исуши таа во браздата, таму каде што израснала.“

Објаснување на загатката

11И дојде слово Господово до мене:

122 Цар 24,15-20„Кажи му на отстапничкиот дом: зар не знаете што значи тоа? – кажи: ете, дојде вавилонскиот цар во Еру­салим, го фати царот негов и кнезовите негови и ги одведе кај себе во Вавилон.

13Фати и друг од царски род, склучи со него сојуз и го обврза со клетва, зе­мајќи ги кај себе силните во таа земја,

14за да биде покорно царството да не може да се крева, за да се пази сојузот и да биде цврст.

15Но тој се одметна од него, прати свои пратеници во Египет за да му да­дат коњи и многу луѓе. Ќе успее ли тој? Ќе има ли благослов тој, што го врши тоа? Тој го нарушил сојузот и ќе успее ли?

16Жив сум Јас, вели Господ Бог. – Во пребивалиштето на царот, кој го пос­тави за цар и кому му е дадена клетва, тој го презре и го наруши сојузот свој со него. Затоа тој ќе умре кај него во Ва­вилон.

17Со голема сила и со многубројниот народ фараонот нема да му помогне во таа војна, кога оној ќе направи опкопи и изгради кули за погуба на многу души.

18Тој ја презре клетвата, за да го наруши сојузот, и ете ја подаде раката своја и го направи сето тоа; тој нема да успее.

19Затоа, вака вели Господ Бог: Жив сум Јас, Мојата клетва, која тој ја пре­з­ре, и Мојот сојуз, што тој го наруши, Јас ќе го свртам врз главата негова.

20Ќе ја фрлам врз него мрежата Моја и ќе биде фатен во моите примки; ќе го одведам во Вавилон и таму ќе се судам со него за предавството негово против Мене.

215,10А сите бегалци негови со сета вој­ска ќе паднат од меч, додека другите ќе бидат распрснати по сите ветрови; и ќе познаете дека јас, Господ, сум го рекол ова.“

Бог ветува надеж

22Така вели Господ Бог: „Ќе земам од врвот на високиот кедар – и ќе посадам; од неговите најголеми гранки ќе откинам нежно гранче и ќе го посадам на висока и величествена планина.

23Дан 4,10-12; Мт 13,32На високата Израелска гора ќе го посадам – и тоа ќе пушти гранки, ќе даде плод и ќе стане величествен кедар, и ќе се собираат под него секаков вид птици, секаков вид пернати и ќе се од­мараат во сенката на неговите гранки.

2421,31; Пс 113,7-9; Лк 1,51-53; 14,11И ќе разберат сите полски дрвја де­ка Јас, Господ, високото дрво го снизувам, ниското го издигам, зеленото го исушувам, а сувото дрво го раззеленувам – Јас Господ го реков тоа – и ќе го направам.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help