Броеви 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Мирјам е казнета со болеста лепра

1 2 Мојс 2,21; 15,20 Тогаш Мирјам и Арон го прекоруваа Мојсеј поради жената Етиопјанка што ја беше зел, зашто тој се беше оженил со Етиопјанка;

22 Мојс 4,15-16и рекоа: „Само на Мојсеј ли му збо­рува Господ? Не ни говореше ли Тој и нам?“ И Господ го чу тоа.

32 Мојс 4,10; Мт 11,29А Мојсеј беше најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата.

4И им рече Господ ненадејно на Мојсеј, на Арон и на Мирјам: „Излезете вие тројца пред скинијата на собранието!“ Тие излегоа и тројцата.

52 Мојс 13,21И слезе Господ во облаков столб, застана при влезот од скинијата на со­б­ра­нието, па ги повика Арон и Мирјам, и тие излегоа и двајцата.

61 Мојс 20,3; 1 Сам 3,7; Мт 27,19; Евр 1,1И рече: „Чујте ги Моиве зборови: ако меѓу вас има пророк Господов, Јас му се откривам во видение, на сон говорам со него;

75 Мојс 34,5; Ис.Н. 1,1-2; Пс 105,26; Евр 3,2-5; Откр 15,3не е така, меѓутоа, со Мојот слуга Мојсеј, – тој е најверниот во целиот Мој дом:

82 Мојс 33,11-20; Ез 1,28; Јн 9,29; 1 Кор 13,12; Кол 1,15; Евр 11,27Јас му говорам нему директно, и јавно, а не преку скриени зборови, и тој ја гледа славата Господова; а вие како не се исплашивте да го прекорувате Мојот слуга Мојсеј?“

9И се разгоре гневот Господов против нив, и Тој си отиде.

103 Мојс 13,11; 5 Мојс 24,9; 2 Лет 26,20Се повлече и облакот од скинијата, и ете, Мирјам беше прокажена со лепра, бела како снег. Арон ја погледна Мирјам, и, ете, таа беше лепрозна.

11И му рече Арон на Мојсеј: „Господаре мој, не ни го сметај за грев, тоа што постапивме неразумно и згрешивме,

12не оставај таа да остане како мртвородено младенче, чие тело, кога излегува од мајкината утроба, до поло­вина веќе е гнило.“

132 Мојс 15,26; Ис 1,6; 30,26; Ер 17,14; Ос 6,1; Пс 6,1И се обрати Мојсеј кон Господ, велејќи: „Боже, Ти се молам, исцели ја.“

143 Мојс 13,4-6.46; Ис 50,6; Јов 17,6; 30,9-10И Му рече Господ на Мојсеј: „Ако татко ѝ ја беше плукал во лице, не ќе требаше ли таа да се срамува седум дена?! И така, нека биде прогонета седум дена надвор од населбата, а потоа пак да се врати.“

153 Мојс 13,4; 14,8И престојуваше Мирјам надвор од логорот седум дена, и народот не тргна на пат, додека таа не се врати.

Извидници во земјата хананска

16 1 Мојс 21,21 Потоа народот тргна од Хацерот и се улогори во пустината Фаран.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help