1 мажот.
Господ ќе ги врати Јудејците дома23 50,7 Така вели Господ Саваот, Бог Израелов: во иднината, кога ќе ги вратам робовите нивни, тие по земјата на Јуда и во неговите градови ќе го кажуваат овој збор: „Господ нека те благослови, живеалиште на правдата, света горо!“
24И ќе се насели во неа Јуда и сите негови градови заедно, земјоделците и оние што пасат стада.
25Ис 28,12; Пс 36,8; Мт 11,28Бидејќи Јас ќе ја напојам изморената душа и ќе ја наситам секоја малаксана душа.
26Потоа се разбудив и погледнав, и сонот ми беше пријатен.
2730,19Ете, идат дни, вели Господ, кога ќе посеам во домот Израелов и во домот на Јуда семе човечко и семе од добиток.
281,10И како што бдеев над нив, кога ги искоренував и ги уништував, кога ги разрушував, погубував и повредував, така ќе бдеам над нив, кога ќе ги издигнувам и насадувам, вели Господ.
29И тогаш, нема да велат веќе: „Татковците јадеа кисело грозје, а забите на децата нивни им фаќаат скомина.“
305 Мојс 24,16; 2 Цар 14,6Но, секој умира поради своето сопствено беззаконие; кој ќе јаде кисело грозје, нему забите ќе му фаќаат скомина.
Нов завет со Израел и Јудеја31 2 Кор 3,6; Евр 9,15 Еве настапуваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израелов и со домот на Јуда нов завет.
3211,10Не онаков завет, каков што склучив со предците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ.
337,23; 32,38; Ез 36,28; Зах 8,8Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израелов по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон внатре во нив, и ќе го напишам во срцата нивни, па Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
3424,7; 50,20; Ис 11,9; Јн 6,45И нема повеќе да учат еден друг, брат брата и да зборуваат: „Познајте Го Господа“, зашто сите тие, од мал до голем, сами ќе Ме знаат, вели Господ, бидејќи ќе им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веќе да се сеќавам.
3532,18; 1 Мојс 1,16; Амос 5,8.27Така вели Господ, Кој го даде сонцето да свети дење, и им даде наредба на месечината и на ѕвездите да светат ноќе, кој Го бранува морето, кога брановите негови бучат; Господ Саваот е името Негово.
36Ако тие наредби престанат да ги применуваат пред Мене, вели Господ, тогаш и племето Израелово ќе престане да биде народ пред Мене засекогаш.
37Така вели Господ: ако може да се измери небото угоре и основите на земјата да се испитаат удолу, тогаш и Јас ќе го отфрлам сето племе израелско, за сѐ она што го правеа, вели Господ.
Ерусалим ќе биде обновен38Еве, доаѓаат дни, вели Господ, кога градот ќе биде обновен за слава на Господ, од кулата на Хананел до Аголната Порта,
39и мерката на земјата од ридот ќе отиде уште погоре, токму до ридот Гарев и ќе свие кон Гоа.
40Јоил 4,17И целата долина на труповите и на пепелта, и целото поле до потокот Кедрон, до аголот на Коњската Порта спрема исток, ќе биде светиња Господова; нема да се искоренува и нема да се разрушува довека.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.