Исус Навин 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1А Ерихон беше утврден и затворен поради страв од синовите Израе­лови; никој не излегуваше и не влегуваше во него.

Израелците се упатуваат во Ерихон

2Тогаш му рече Господ на Исус: „Еве, Јас го предавам Ерихон во твои раце и царот негов и силните луѓе;

3обиколувајте го градот сите вие, способни за војна, по еднаш, и така пра­вете шест дена;

4Откр 8,2и седум свештеници нека носат пред ковчегот седум труби од рогови; а седмиот ден обиколете го градот седум­пати и свештениците нека трубат со трубите од рогови.

56,20; Ис 42,13И кога трубите од рог ќе затрубат силно, веднаш штом ќе го чуете звукот од трубите, целиот народ нека вос­кликне, и градските ѕидишта ќе паднат сами до основата своја пред оние што викаат; и тогаш целиот народ да навлезе секој од своето место.“

6Тогаш дојде Исус, синот Навинов, кај свештениците и им рече: „Земете го ковчегот на заветот Господов и седум свештеници нека носат седум рогови труби пред ковчегот Господов!“

7И им рече, велејќи: „Заповедајте му на народот да го обиколат и да го опкружат градот; а вооружените нека одат пред ковчегот Господов.“

8Штом Исус му го кажа тоа на народот, рече и седумте свештеници, што ги имаа седумте свештени труби, да појдат и да затрубат со трубите, и ковчегот на заветот Господов да оди по нив.

9Вооружените, пак, одеа пред свеш­тениците, кои трубеа со трубите; и оние што одеа по нив, по ковчегот, трубеа со трубите.

10На народот, пак, Исус му заповеда и рече: „Не викајте и да не се чуе глас од вас, и да не излегува збор од устата ваша до оној ден, додека не ви запо­ведам: викајте! – и тогаш ќе викнете.“

11Така ковчегот Господов тргна око­лу градот и еднаш го обиколи; и дојдоа во логорот и ноќеваа во него.

12Исус стана утрината рано, и свеш­тениците го понесоа ковчегот Господов;

13и седумте свештеници, што ги носеа седумте труби пред ковчегот Господов, одеа и трубеа со трубите; вооружените, пак, одеа пред нив, а другите одеа по ковчегот Господов и свештениците за­тру­бија со роговите труби.

14И вториот ден го обиколија градот еднаш и се вратија во логорот. Така правеа шест дена.

15На седмиот ден станаа рано и го обиколија градот седумпати; само тој ден го обиколија градот седумпати.

16И при седмото заобиколување све­ш­тениците затрубија во трубите. Тогаш Исус му рече на народот: „Викајте, бидејќи Господ ви го предаде градот!

173 Мојс 27,28-29; 5 Мојс 20,16-17; Ис 34,2И градот, со сѐ што е во него да падне во проклетство, во името Госпо­дово; само блудницата Раав поштедете ја, неа и секој што е во домот нејзин; зашто таа ги сокри извидниците што ги пративме.

187,12.25-26Но и вие чувајте се од проколнатото, за да не паднете и самите во про­клетство, ако земете нешто од проколнатото, и со тоа на логорот и на си­новите Израелови да им донесете про­клетство, и нас да нѐ истребите.

194 Мојс 31,54Златото, пак, среброто и бакарот и железото се за Господ и да се внесат во ризницата Господова!“

20Евр 11,30И затрубија свештениците со трубите. Штом го чу народот гласот на трубите, сите извикаа со висок глас, и сите ѕидишта паднаа, и целиот народ влезе во градот, секој од своето место, и го презедоа градот.

21Суд 1,25И фрли во проклетство Исус сѐ што беше во градот, – мажите и жените, младите и старите, овците и магарињата; сѐ се истреби со меч.

222,1-21А на двете момчиња што ја извидуваа тајно земјата, Исус им рече: „Вле­зете во домот на жената блудница и изведете ја оттаму неа и сите што се кај неа, бидејќи вие ѝ се заколнавте.“

Исус ѝ го поштедува животот на Раав

23 2,13 Тогаш влегоа момчињата, што го разгледуваа градот во домот на жената и ја изведоа блудницата Раав и таткото нејзин, мајката нејзина, браќата нејзини и сите нејзини роднини и сите што беа кај неа, ги изведоа и ги ставија надвор од логорот на Израел.

244 Мојс 31,10.54; 5 Мојс 13,16-17А градот и сѐ што беше во него, го изгореа со оган; само среброто и златото, бакарот и железото ги предадоа за да се внесат во ризницата Господова.

25Блудницата, пак, Раав и целото семејство на нејзиниот татко, Исус ги остави живи, и таа живее меѓу синовите Израелови до денес, зашто ги сокри извидниците што ги испрати Исус за да го разгледаат Ерихон.

261 Цар 16,34Во тој ден Исус проколна и рече: „Проклет да биде пред Господ оној што ќе го издигне и изгради овој град Ери­хон; врз првородениот син свој тој ќе ги положи основите негови и врз најмалиот син свој ќе ги постави портите негови!“

27И Господ беше со Исус, и славата Негова се рашири по целата земја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help