Исус Навин 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Борбата кај Мером

1 Суд 4,2-23; Пс 48,4 Кога го чу тоа хацорскиот цар Јавин, прати луѓе кај мадонскиот цар Јовав и кај шимронскиот цар, и кај ахшафскиот цар,

2и кај царевите, што живееја на пла­нината откај север, и во долината јужно од Генисаретското Езеро и во рамнината и на височините кај Дор на запад.

3И кај приморските Хананци, што живееја на исток, и кај приморските Аморејци, и кај Хитијците, и кај Пери­зијците и Јевусијците, кои живееја во планината, и кај Евејците, што живееја во подножјето на Ермон, во регионот Мицпа.

4Суд 5,19; 7,12; 1 Сам 13,5; Откр 20,8И излегоа сите тие цареви, а со нив и многу луѓе, толку многу колку песокот во Приморјето, со коњи и мно­гу коли.

5И слегоа сите тие цареви, па се соединија и се сместија кај езерото Мером, за да војуваат против Израел.

6Но Господ му рече на Исус: „Не плаши се од нив, зашто утре, во ова време, ќе им ги предадам нив сите на синовите Израелови, за да ги убијат; а на коњите да им ги пресечат жилите и колите со оган да ги изгорат.“

7Исус и со него сите способни за војна излегоа ненадејно против нив кај Меромското Езеро и ги нападнаа.

8И Господ ги предаде во рацете Израелови, и тие ги разбија и ги гонеа дури до големиот град Сидон и до Мисрефот-Маим и до долината на Мицпа на исток, и ги убиваа сѐ додека од нив не остана никој жив.

9И постапи Исус со нив така, како што му рече Господ: на коњите им ги пресече жилите, а колите им ги изгоре со оган.

Пустошењето на Асор

10Во исто време Исус, откако се вра­ти, го презеде Асор и царот негов го уби со меч. Асор, пак, порано беше гла­вен град на сите тие царства;

114 Мојс 31,10; 5 Мојс 7,2; 20,16-17и погуби со меч сѐ живо, што беше во него, и не остави во него ниедна жива душа. А Асор, тој го изгоре со оган.

124 Мојс 33,50-52; 5 Мојс 7,2; 20,16-17И сите градови на тие цареви ги зазеде Исус, и царевите со меч ги уби, како што беше заповедал Мојсеј, слугата Господов.

13Но, сите тие утврдени градови, Израел не ги изгоре, освен Асор, кој го запали Исус.

145 Мојс 20,16А сето богатство од тие градови и добитокот го запленија синовите Изра­елови; сите луѓе, пак, ги убија со меч, така што сите беа истребени; не оставија ниту една жива душа.

151,7Како што му беше заповедал Гос­под на Својот слуга Мојсеј, така Мојсеј му заповеда на Исус, а Исус така и направи: не отстапи ниту од еден збор во сѐ што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

Исус ги завршува освојувањата на земјите

16Така ја презеде Исус целата онаа земја: планинската област и целата зем­ја Негев и целата земја Гесем, како и рамнината на запад, и планината Из­раелова, и полињата,

175 Мојс 7,24од планината Халак, која се протега кон Сеир, и дури до Ваал-Гад, во долината на Ливан, под планината Ер­мон, и сите цареви нивни ги фати и ги уби.

18Долго време Исус војуваше со тие цареви.

19И немаше ниеден град, кој Господ не му го предаде на Израел, освен Гаваон во кој живееја Евејците; сите тие со борба ги зазедоа;

20зашто од Господ беше тоа, тие да го ожесточат срцето свое и да започнат борба против Израел за да бидат фрлени во проклетство и за нив да нема милост, туку да бидат погубени така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

215 Мојс 2,10-11; Суд 1,10-15Во тоа време пристигна Исус и ги нападна Анакијците на планината, во Хеврон, во Давир, во Анав, по целата планина Израелова, и по целата планина Јудина со градовите нивни и ги фрли во проклетство.

22Од Анакијците не остана ниеден во земјата на синовите Израелови; останаа само во Газа, во и во Ашдод.

2321,43-45; 5 Мојс 1,38; 12,9-10; 25,19; Суд 3,11Така ја презеде Исус целата земја, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, и му ја предаде Исус во наследство на Израел, откако ја раздели на племињата нивни. И земјата престана да војува.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help