Матеј 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Парабола за свадбата на царевиот син(Лк 14,15-24)

1 13,33 И одговарајќи, Исус пак им гово­реше во параболи и рече:

28,11; 18,23; Изреки 9,1-6„Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син.

321,34И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат.

421,36Потоа испрати други слуги и им ре­че: кажете им на поканетите: ‚Ете, при­готвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘

5Лк 14,18Но, тие не сакаа да знаат за тоа, ту­ку си отидоа: кој на нива, кој по тргови­ја;

621,35а некои, пак, ги фатија неговите слу­ги, ги исмејаа и ги убија.

7Штом чу за тоа царот, се налути, ис­прати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град.

8Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.

9Откр 19,7Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘

109,9-13; 13,38.47И излегоа слугите на крстопатите, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости.

11Кога влезе царот да ги види гости­те, забележа еден необлечен во свадбе­ни алишта.

1226,50Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?‘ А тој молчеше.

138,12Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘

1420,16зашто, мнозина се повикани, а мал­кумина избрани.“

Прашања за данокот(Мк 12,13-17; Лк 20,20-26)

15 16,1; Лк 11,54 Тогаш фарисеите отидоа и се дого­во­рија како да Го фатат во некој збор.

165 Мојс 10,17; Дела 10,34-35И ги испраќаа кај Него своите уче­ници, заедно со некои Иродовци, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од ни­кого, зашто не гледаш кој е кој;

17затоа кажи ни; што мислиш: треба ли да се дава данок на царот или не?“

18Но Исус го проѕре лукавството нив­но и рече: „Што Ме искушувате, лицемери?

19Покажете Ми една пара од да­но­кот.“ Тие Му донесоа еден денариј.

20И им рече: „Чиј е овој лик и потпис?“

216,24; Рим 13,7; 1 Птр 2,17Тие одговорија: „На царот.“ Тогаш им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“

2216,4; 22,33И штом го чуја тоа, тие занемеа и, оставајќи Го, си отидоа.

Прашања за воскресението(Мк 12,18-27; Лк 20,27-38)

23 Дела 4,1-2; 1 Кор 15,12 Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема вос­кресение, и Го прашаа, говорејќи:

241 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5„Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја зе­ме жената негова и нека му подигне по­томство на својот брат!‘

25Кај нас имаше седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи не­маше пород, ја остави жената своја на брата си;

26исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот;

27а по сите нив умре и жената.

28При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?“

29Исус им одговори: „Се лажете, заш­то не ги познавате Писмата, ниту силата Божја;

30Кол 1,12зашто при воскреснувањето луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, ту­ку ќе живеат како ангели Божји на не­бесата.

31А за воскреснувањето на мртвите, не сте ли читале што ви рекол Бог, Кој вели:

322 Мојс 3,6; 3,15-16; Дан 12,2; Дела 3,13‚Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.‘ Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“

337,28; Јн 7,15И народот, слушајќи го тоа, се вос­хитуваше на Неговата наука.

Најважната заповед(Мк 12,28-34; Лк 10,25-28)

34Кога фарисеите слушнаа дека ги посрами садукеите, се здружија со нив.

3516,1И еден од нив, познавач на Законот, искушувајќи Го, запраша и рече:

36„Учителе, која заповед е најголема во Законот?“

375 Мојс 6,5; Ис.Н. 22,5А Исус му одговори: „‚Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘

38тоа е прва и најголема заповед;

395,43; 19,19; 3 Мојс 19,18; Јн 13,34-35; Рим 13,8-9; Гал 5,14; Јк 2,8а втората е слична на неа: ‚возљуби го својот ближен како себеси!‘

407,12На тие две заповеди се држат це­ли­от Закон и Пророците.“

За Давидовиот син(Мк 12,35-37; Лк 20,41-44)

41И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша

42и рече: „Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?“ Му одговорија: „Давидов.“

439,27Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи:

4426,64; Пс 110,1; Мк 16,19; Дела 2,33-34; Евр 1,3.13; 8,1; 10,12-13‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во под­ножјето на нозете Твои.‘

451,1И така, ако Давид Го нарече Гос­под, како тогаш може Тој да Му е син?“

46Мк 12,34; Лк 20,40; Јн 21,12И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help