1 1 Кор 3,9 Како соработници Христови, ние ве молиме да не ја примате напразно благодатта Божја.
2Ис 49,8Зашто се вели: „Во благопријатно време те услишав и во денот на спасението ти помогнав.“ Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението!
38,21Никому никаков повод за соблазна не даваме за да не биде презрена нашата служба,
44,8-10; 1 Кор 4,9-13туку во сѐ се препорачуваме за служители Божји, со големо трпение, во неволји, во нужди, во тегоби,
5во удари, во затвори, во бунтови, во напори, во бденија, во пости,
6Рим 12,9; Гал 5,22со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети, со нелицемерна љубов,
710,4; Рим 13,12; Ефес 6,11со проповедта на вистината, со сила Божја, со оружјето на правдата во десна и во лева рака,
81 Кор 7,29-31со славата и срамот, при укори и пофалби; нѐ сметаат за измамници, а ние сме вистинити;
94,11за непознати, а добро сме познати; нѐ држат како да сме на умирање, а еве – живи сме; како казнети, а неумртвени;
108,9; Рим 8,32; 1 Кор 1,7; Фил 4,12нѐ нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нѐ сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сѐ имаме.
117,3; Пс 119,32Устата наша е отворена за вас Коринтјани, и срцето наше се раширува.
12Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во срцата ваши.
131 Кор 4,14За исто вознаградување ви зборувам како на чеда: бидете и вие широки.
Неопходен избор14 5 Мојс 22,10; Јн 8,12 Не впрегнувајте се заедно со безверниците; зашто какво заедништво постои меѓу правдата и беззаконието? Што заедничко има меѓу светлината и темнината?
155 Мојс 13,14Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и безверник?
163 Мојс 26,11-12; Ер 32,38; Ез 37,27; 1 Кор 3,16; 6,19Каква спогодба има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.“
17Ис 52,11; Ер 51,45; Ез 20,34; 20,41; Откр 18,4„Затоа излезете од нивната средина и одделете се!“ Вели Господ, и „Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам!
182 Сам 7,8; 7,14; Ис 43,6; Ер 31,9; Ос 2,1И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки“, вели Господ Седржителот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.