1 .
2А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, бидејќи врнеше дожд, беше студено, та накладоа оган.
3А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака.
4Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.“
5, на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.
Павле проповеда во Рим17 21,33; 22,24; 25,8 По три дни Павле ги повика првенците јудејски и кога се собраа, тој им зборуваше: „Мажи браќа, иако не направив ништо против народот или татковските обичаи, од Ерусалим ме предадоа окован во рацете на Римјаните.
1826,32И, откако ме судеа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт;
1925,11-12.21-25но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред царот; но не за тоа да го обвинувам во нешто својот народ.
20Поради тоа и ве повикав да се видиме и да позборуваме; зашто заради надежта на Израел сум окован во овие ланци.“
21А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ниту, некој од браќата дошол да нѐ извести или нешто лошо да каже за тебе.
22Но ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи.“
2320,25; 28,31И откако му определија ден, големо мноштво дојде во неговото определено живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исус и од Законот Мојсеев и од Пророците.
2417,2.11Едни се убедија од зборовите негови, а други не поверуваа.
2523,7; Лк 24,27.44Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да се разотидуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Духот Свети на татковците ваши преку пророкот Исаија, велејќи:
26Ис 6,9-10; Мт 13,14-15‚Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите,
27зашто срцето на овие луѓе закоравело, та со ушите мачно слушаат, а очите свои ги затвориле, па некако со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се обратат, за да ги исцелам.‘
2813,46; 18,6И така, нека ви биде познато дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците, тие и ќе чујат.“
29Кога го рече тоа, Јудејците се разотидоа со голема препирка меѓу себе.
3028,23Павле остана таму цели две години во посебно најмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа кај него,
3119,8; 20,25; 28,23проповедајќи го царството Божјо и учејќи за Господ Исус Христос наполно слободно, и никој во тоа не го спречуваше.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.