Броеви 20 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Водата Мерива

1 , кај која синовите израелски влегоа во кавга со Господ, и Тој ја покажа пред нив Својата светост.

Царот на Едом одбива да им обезбеди премин на Израелците

14 1 Мојс 25,30; 36,16; 2 Мојс 18,8; Суд 11,16-26 И испрати Мојсеј пратеници од Кадис до едомскиот цар за да му кажат: „Вака вели братот твој Израел: ти ги знаеш сите тешкотии што нѐ снајдоа;

151 Мојс 15,13; 46,6; 2 Мојс 1,14; 5 Мојс 26,5-10татковците наши слегоа во Египет, и ние живеевме во Египет долго време, и Египќаните лошо постапуваа со нас и со предците наши;

161 Мојс 16,11; 21,17; 2 Мојс 23,20; 5 Мојс 26,8и повикавме кон Господ, и Тој го чу нашиот глас, па испрати ангел, и нѐ изведе од Египет; и ете, ние сме сега во Кадис, град до самите твои предели.

1721,22; 5 Мојс 2,27Дозволи ни да минеме преку твојата земја: нема да одиме преку ниви, ниту преку лозја, и нема да пиеме вода од кладенците твои: туку ќе одиме по главниот пат, и нема да скршнуваме ни десно, ни лево, додека да ги минеме твоите предели.“

18Суд 11,17Но Едом им рече: „Не минувајте преку мојата земја, зашто со војска ќе излезам против вас.“

195 Мојс 2,6.28И му рекоа синовите израелски: „Ќе одиме по патот, и ако пиеме од водата твоја, јас и добитокот мој, ќе платиме за неа; ништо друго не бараме – само пешки да поминеме.“

20Но тој рече: „Не минувајте!“ И Едом излезе против нив со многуброен народ и со голема сила.

215 Мојс 2,8; Суд 11,18И така, Едом не му дозволи на Израел да мине преку неговите предели. И Израел се повлече од него.

Смртта на Арон

22 33,38-39; 5 Мојс 1,46; 32,50 И се кренаа синовите израелски од Кадис, и целиот народ стигна до планината Ор.

23И им рече Господ на Мојсеј и на Арон на планината Ор, близу до пределите на едомската земја, велејќи:

241 Мојс 25,8; 2 Мојс 17,7„Нека умре Арон при народот свој, зашто тој нема да влезе во земјата, која Јас им ја давам на синовите на Израел, затоа што Ме огорчивте кај водата Мерива.

25И земи го Арон и синот негов Елеазар, и искачи ги на планината Ор;

263 Мојс 16,4; 5 Мојс 10,6и соблечи ја од Арон облеката негова и облечи го со неа синот негов Елеазар, и нека замине Арон и нека умре таму!“

27И направи Мојсеј така, како што заповеда Господ. Тие се искачија на пла­нината Ор пред очите на целото општество,

282 Мојс 29,29; 5 Мојс 10,6; 32,50и ја соблече Мојсеј облеката од Арон и го облече со неа синот негов Елеазар. И умре таму Арон на врвот од планината, а Мојсеј и Елеазар слегоа од планината.

291 Мојс 27,41; 5 Мојс 34,8И целото општество виде дека Арон умре, и целиот израелски народ го оплакуваше Арон триесет денови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help