1 Летописи 26 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Чуварите на храмот

1Еве го распоредот на вратарите: од Кореовците: Мешеле­мија, Кореев син, од синовите Аса­фови.

2Синови на Мешелемија: првороден Захарија, втор – Једиаел, трет – Зева­дија, четврти – Јатниел,

3петти – Елам, шести – Јоханан, седми – Елјехоенај.

413,14; 2 Сам 6,11Синови Аведарови: првороден Ше­маја, втор – Јозавад, трет – Јоах, четврти – Сахар, петти – Натанаил,

5шести – Амиел, седми – Исахар, ос­ми – Пеулетај, зашто Бог го беше благословил.

6На синот негов Шемаја му се родија исто така синови, кои имаа власт во родот свој, бидејќи беа мажи силни.

7Синови Шемаеви: Отни, Рафаил, Овид и Елзавад, и неговите браќа, мажи храбри: Елијуј и Семахија.

8Сите тие беа од синовите на Аведар; тие и синовите нивни и браќата нивни беа мажи погодни и за служба способни: Аведар ги имаше шеесет и двајца.

9Мешелемија имаше синови и браќа, мажи способни – осумнаесет.

105 Мојс 21,16-17Хоса, од синовите Мерариеви, ги имаше синовите: Шимри, старешина, иако не беше првороден, но татко му го беше поставил за старешина;

11втор – Хелкија, трет, – Тевалија, четврти – Захарија; сите синови и браќа на Хоса беа тринаесет.

12Тоа беше распоредот на врата­рите според началниците на родови­те, спо­собни за служба заедно со браќата свои, за да служат во домот Господов.

13Тие фрлија ждрепка, како мали­от, така и големиот, според домовите на своите татковци, за секоја врата.

14Ждрепката за источната му се падна на Шелемија; фрлија ждрепка и за синот негов Захарија, мудар советник, и ждрепката му се падна за северната.

152 Лет 35,15На Аведар – за јужната, а на синовите негови – кај складовите.

16На Шупим и на Хоса на запад при Шалехетската врата, каде што патот се издига угоре и каде што стои стража спроти стража.

17Кон исток имаше по шестмина ле­вити, кон север – по четири, кон југ – по четири, а кај складовите – по двајца.

18Кон запад на патот кај тремот – по четири, а кај самиот трем – по двајца.

19Ез 44,11; Неем 7,1Тоа беше распоредот на врата­рите од синовите Кореови и синовите Мерариеви.

Други служби во храмот

20А браќата нивни левитите ја надгледуваа ризницата на домот Божји и ризницата на посветените работи.

21Меѓу синовите на Ладан, Гирсо­нов син, старешини на домовите од Ладан Гирсонски, беа синовите на Јехиил.

22И синовите Јехиилови: Зетам и братот му Јоил ја надгледуваа ризницата на Господовиот дом,

23заедно со потомците на Амрам, Јицхар, Хеврон и Узиил.

24Шевуел, син на Гершом, Мојсеев син, беше надзорник на ризниците.

25Брат му Елиезер имаше син Риха­вија, а тој – син Јешаија, а тој – син Јо­рам, а тој – син Зихриј, а тој – син Шело­мит.

26Шеломит и браќата негови ги надгледуваа сите ризници на светите рабо­ти, што ги беше посветил царот Давид и родоначалниците и илјадниците, стотниците, и војсководачите.

27Од воениот плен тие посветуваа за одржување на домот Господов.

282 Сам 9,9И сѐ, што беше посветил Самоил пророкот, и Саул, синот Кисов, и Аве­нир, синот Ниров, и Јоав, синот на Саруја, сето посветено беше под рацете на Шеломит, и браќата негови.

Задолженијата за останатите левити

29 5 Мојс 17,8-13 Од родот Јицхаров: Хонанија и си­новите негови беа одредени за надворешна служба во Израел, за писари и судии.

30Од родот Хевронов: Хашавија и браќата негови, храбри мажи, илјада и седумстотини, имаа надзор над Израел, од оваа страна на Јордан, кон исток, за сите работи во службата Господова и во царската служба.

312 Сам 5,4Во родот Хевронов Јерија беше началник на Хевроновците, во нив­ните родови, во поколенијата нивни. Тие беа преброени во четириесеттата година од Давидовото царување, и меѓу нив се најдоа јунаци мажи во Јазер Галаадски.

32И браќата негови, мажи способни, две илјади и седумстотини, беа начал­ници на домовите. Нив ги постави царот Давид над племето Рувимово и Гадово и половината од племето Мана­сиево за сите Божји и царски работи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help