Плачот Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)
ВоведОваа книга содржи пет поеми (плачови) во кои се изразува длабоката тага поради разорувањето на Ерусалим. Во овие плачевни поеми, опишани се потиштеноста и солзите на ерусалимските жители наизменично преку зборовите на пророкот и преку персонификација на Ерусалим, кој тука зборува.На пророкот му е јасно дека жителите на Ерусалим се казнети поради нивните гревови, но смета дека казната е поголема од онаа што тие ја заслужиле. Тој ја пренесува и увереноста дека Господ ќе им се смилува, кога луѓето ќе престанат да грешат и ќе се обратат кон Бога.