Наум 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Лутиот Божји гнев

1Пророштво за Ниневија; книга за видението на Наум од Елкош.

22 Мојс 20,5-6; 5 Мојс 4,24; Ис 59,18Господ е Бог љубоморен и одмаздник, Господ е страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријате­лите Свои; не ги поштедува ни против­ниците Свои.

32 Мојс 34,6-7; Ер 4,13; Пс 50,3; Јов 40,1Господ е бавен на гнев, а силен во моќта, така што не го остава винов­никот без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав под но­зете Негови.

4Ис 33,9; 50,2; Амос 1,2; Пс 106,9Ќе му се закани на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Башан и Кармил, и свенува цветот на Ливан.

5Ер 4,24; Пс 18,7Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и сѐ што живее во неа.

6Јоил 2,11; Мал 3,2; Откр 6,17Кој може да устои против гневот Негов? И кој може да го издржи пламенот од Неговата јарост? Гневот Не­гов се излива како оган; карпи се рас­паѓаат пред Него.

Моќта на Асирија ќе биде скршена

7 Ер 33,11; Пс 46,1 Добар е Господ; Тој е прибежиште во ден на неволја. Тој ги заштитува оние, кои прибегнуваат кај Него,

81 Мојс 6,7; 8,1; Ис 30,28дури и при силни води. Тој ќе ги докрајчи Своите непријатели, ќе ги прогони Своите душмани до најцрната темнина.

91 Сам 2,6; Ос 7,15; 1 Кор 1,19Што сте намислиле против Господ? Тој ќе стави крај на сѐ, ниеден противник нема повторно да се крене.

10Зашто, како плот од трње и како од вино пијани, тие ќе бидат наполно проголтани, како сува слама.

115 Мојс 13,14; 2 Цар 19,4.16; Пс 18,4Од тебе произлезе оној, што смислува зло против Господ, и подготвува нечесен заговор.

122 Цар 19,35-36Вака вели Господ: „Макар што се силни и многубројни, тие ќе бидат исклани и ќе исчезнат; а тебе, иако те казнував, нема веќе да те казнувам.

13Ис 9,3; Ер 30,8; Ез 34,27И сега ќе го скршам јаремот што те стега и ќе ги раскинам оковите твои.“

14Ис 14,19-21; Ер 8,1-2А за тебе, Ниневијо, Господ нареди: нема да продолжи родот твој; од домот на твојот бог ќе ги истребам идолите резани и лиени; во него ќе ти направам гроб зашто си безвредна.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help