1 Суд 21,8 И дојде Амонецот Нахас и го опколи Јавеш Галаадски. И сите жители на Јавеш му рекоа на Нахас: „Склучи со нас сојуз, и ние ќе ти служиме!“
24 Мојс 16,14Но Амонецот Нахас им рече: „Ќе склучам сојуз со вас, но под услов, на секого од вас да му го извадам десното око и со тоа да нанесам срам врз целиот Израел.“
3Старешините на Јавеш му рекоа: „Дај ни рок од седум дена да испратиме пратеници по сите израелски области, и, ако никој не ни помогне, ќе ти се предадеме.“
430,4; 1 Мојс 21,16; Суд 2,4; 2 Сам 13,36И пратениците дојдоа во Гива Саулова и му ги раскажаа на народот гласно тие зборови; и сиот народ извика и заплака.
5А ете, Саул доаѓаше од нива по воловите свои и рече: „Што станало со народот, та плаче?“ И му ги кажаа зборовите на жителите на Јавеш.
6Суд 3,10; 6,34; 11,29; 14,6.19; 15,14И слезе Духот Божји врз Саул, откако ги чу тие зборови, и силно се разгневи;
71 Мојс 15,10.17; Суд 19,29; 21,5.8.10; Ер 34,18па зеде два вола, ги исече на парчиња и ги испрати по сите израелски предели преку тие пратеници, објавувајќи дека така ќе биде постапено со воловите на секого што нема да тргне по Саул и по Самоил. И страв Господов падна врз народот, и тргнаа сите како еден човек.
8Суд 20,2Саул ги преброи во Безек, и се најдоа синовите Израелови триста илјади и мажи Јудини – триесет илјади.
9И им рече на дојдените пратеници: „Вака кажете им на жителите на Јавеш Галаадски: утре ќе имате помош штом ќе припече сонцето.“ И пратениците отидоа и им јавија на јавешките жители, и тие се зарадуваа.
1011,3И жителите на Јавеш му рекоа на Нахас: „Утре ќе ви се предадеме, и правете со нас што сакате.“
112 Мојс 14,24; Суд 7,16; 9,43; 2 Сам 18,2Следниот ден Саул го раздели народот во три групи, и тие се провлекоа среде логорот по утринската стража и до дневниот припек ги поразија Амонците; другите Амонци се распрснаа така што од нив не останаа ни двајца заедно.
1210,27; Лк 19,27Тогаш народот му рече на Самоил: „Кои беа тие што рекоа – ‚Та Саул ли ќе царува над нас?‘ – Дајте ги тие луѓе, и ние ќе ги убиеме.“
1319,5; 2 Сам 19,22-23Но Саул рече: „Денес не треба никој да се убие, зашто денес Господ изврши спасение во Израел.“
1410,25И Самоил му рече на народот: „Да одиме во Гилгал и таму одново да го осветиме царувањето.“
15И сиот народ отиде во Гилгал и го поставија таму Саул за цар пред Господ, во Гилгал, и принесоа таму жртви за благодарност пред Господ. И се провеселија таму многу, Саул и сите Израелци.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.