1Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите прилози во касата на храмот.
2Виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти,
32 Кор 8,12па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе приложи;
4сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти од својата немаштија – сиот имот што го имаше.“
Исус го најавува разурнувањето на храмот(Мт 24,1-2; Мк 13,1-2)5И додека некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и заветни дарови, Тој им рече:
619,44; Ер 7,12-15; 26,1-19; Ез 8–11; Мих 3,12; Мт 26,61; 27,40; Мк 14,58; Дела 6,14„Ќе дојде време и од сето ова што го гледате нема да остане ни камен, што не ќе биде урнат.“
Блиски и далечни знаци на Судот(Мт 24,3-8; Мк 13,3-8)7 17,20; Дела 1,6 И Го прашаа, говорејќи: „Учителе, а кога ќе биде тоа и каков е знакот дека тоа почнува да се случува?“
817,23; Ер 14,14; 1 Јн 2,18Тој рече: „Внимавајте да не ве прелажат! Зашто мнозина ќе дојдат под Мое име и ќе зборуваат дека сум Јас, и дека времето се приближи. Но, не одете по нив!
9Дан 2,28А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба најнапред да се случи, но крајот нема да дојде веднаш.“
10Ис 19,2; 2 Лет 15,6Тогаш им рече: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство;
11а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има страотни појави и големи знаци на небото.
Претходните прогонства и сведоштво(Мт 10,17-22; Мк 13,9-13)12 12,11; Јн 16,2 А пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве изгонат, предавајќи ве во синагогите и затворите, и ќе ве водат пред цареви и управници, заради Моето име.
1324,48; Дела 1,8; Фил 1,12-13И тоа ќе ви биде вам прилика за сведоштво.
1412,11-12И затоа врежете во вашите срца, да не размислувате однапред што ќе одговорите,
15Јн 14,18; Дела 6,10зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да ѝ противречат ниту да ѝ се противстават сите ваши противници.
1611,49Ќе бидете предадени исто така и од родители, и од браќа, и од роднини и од пријатели, а некои од вас ќе бидат и убиени;
17Јн 15,18-21и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име.
1812,7; 1 Сам 14,45; Мт 10,30; Дела 27,34Но, ни влакно од главата ваша нема да загине;
198,15; Мт 10,22; Евр 10,36; Откр 2,7со трпение ќе си ги придобиете душите.“
Исус го најавува разурнувањето на Ерусалим(Мт 24,15-21; Мк 13,14-19)20 19,43; 23,28-31 „А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте дека е блиску неговото запустување.
2117,31Тогаш, оние што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него,
225 Мојс 32,35; Ис 34,8; Ер 46,10; Ос 9,7зашто тоа е времето на одмазда, во кое ќе се исполни сѐ што е напишано.
231 Кор 7,26Но тешко на бремените и доилките во тие дни, зашто голема мака ќе има по земјата, и гнев врз овој народ;
245 Мојс 28,64; Ис 63,18; Ер 21,7; Пс 79,1; Дан 8,13; 9,26; Езд 9,7; Рим 11,25; Откр 11,2и ќе паднат од сечилото на мечот, и ќе бидат одведени во плен меѓу сите народи; а Ерусалим ќе го газат незнабошци, сѐ додека не се исполнат времињата на незнабошците.“
Доаѓањето на Синот Човечки(Мт 24,29-31; Мк 13,24-27)25 Ис 13,10; Ез 32,7; Јоил 2,10; 3,3-4; Пс 46,2-3; 2 Птр 3,10; Откр 6,12-13 „И ќе има знаци на сонцето, и на месечината и на ѕвездите, а на земјата – тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите;
26Ис 34,4; Агеј 2,6.21луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небесни ќе бидат разнишани.
27Дан 7,13; 7,14; Мт 26,64; Евр 10,37; Откр 1,7И тогаш ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци, со голема сила и слава.
Наближувањето на Царството Божјо(Мт 24,32-35; Мк 13,28-31)28 1,68; Рим 8,23; 13,11; Кол 1,14 А кога ќе почне тоа да станува, исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето избавување.“
29И им ја кажа оваа парабола: „Погледнете ја смоквата и сите дрвја;
30кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете дека летото е веќе близу.
319,27; 10,11Па така, кога ќе видите дека станува ова, знајте дека се приближи царството Божјо.
32Вистина ви велам, нема да помине овој род, додека не се исполни сето тоа.
3316,17; Мт 5,18Небото и земјата ќе поминат, но зборовите Мои нема да поминат.“
Неопходно е да се биде буден34 8,14; 17,27-28; Изреки 23,20; Мт 24,48-50; Мк 4,19; 1 Сол 5,3.6-7 „Само пазете се: вашите срца да не бидат натежнати од прејадување и пијанство, и тегобни грижи за овој живот, за да не ве затекне оној ден ненадејно;
35Ис 24,17зашто тој ќе дојде како стапица за сите што живеат по целата земја;
3618,1; Мт 24,42; 25,13; 1 Птр 4,7; Откр 6,17бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она што треба да се случи и да застанете пред Синот Човечки!“
Последните денови на Исус во храмот37 19,47; 22,53; Мк 11,1.11.19; Јн 18,20 Дење проповедаше Тој во храмот, а ноќе излегуваше и ноќеваше во гората наречена Маслинова.
38И сиот народ доаѓаше наутро кај Него во храмот, за да Го слуша.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.