1 Мт 26,32; 28,7 Потоа пак им се јави Исус на учениците Свои кај Тиверијадското Море. А тоа се случи вака:
21,45; 11,16; Лк 5,10беа заедно Симон Петар и Тома, кого го викаа Близнак, Натанаил од Кана Галилејска, Заведеевите синови и двајца други од учениците Негови.
3Лк 5,5Симон Петар им рече: „Ќе одам да ловам риба.“ Му рекоа: „И ние ќе дојдеме со тебе.“ Тогаш излегоа и веднаш влегоа во кораб, но таа ноќ ништо не уловија.
420,14; Лк 24,16А кога се раздени, застана Исус на брегот, само учениците не го познаа дека е Исус.
5Лк 24,41Исус им рече: „Чеда, имате ли нешто за јадење?“ Му одговорија: „Не.“
6Лк 5,4-7А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе најдете!“ Ја фрлија, и не можеа веќе да ја извлечат од многу риби.
713,23; 19,26; 20,2; 21,20; Мт 14,29Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Господ, си ја препаша облеката – зашто беше необлечен, и се фрли во морето.
8А другите ученици, влечејќи ја мрежата со риби, дојдоа со кораб, зашто не беа далеку од брегот, но само околу двесте лакти.
9Мт 4,4; Лк 24,41-43Кога пак излегоа на брегот, видоа накладен оган, и на него ставена риба и леб.
10Исус им рече: „Донесете од рибите што ги уловивте сега!“
112 Лет 2,16; Лк 5,6А Симон Петар влезе и ја извлече мрежата на брегот, полна со крупни риби, на број сто педесет и три; и макар што беа толку многу, мрежата не се скина.
124,27Исус им рече: „Дојдете, јадете!“ И никој не смееше да Го праша: „Кој си Ти?“, зашто гледаа дека е Господ.
136,11; Мт 14,19; 15,36; Мк 6,41; 8,6; Лк 9,16Се приближи Исус, зеде леб и им даде, исто така и риба.
1420,19.26Ова беше веќе третпат како им се јави Исус на учениците Свои, откако воскресна од мртвите.
Разговор меѓу Исус и Петар15 1,42; 10,1-16; Мт 16,17; Лк 7,42-43; 1 Кор 15,5 А кога завршија со јадењето, Исус му рече на Симон Петар: „Симоне Јованов, Ме љубиш ли повеќе отколку овие?“ Петар Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги јагненцата Мои!“
16Мт 2,6; Лк 22,32; Дела 20,28; 1 Птр 5,2; Откр 7,17Го праша пак, повторно: „Симоне Јованов, Ме љубиш ли?“ Петар Му кажа: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги овците Мои!“
1713,37-38; 18,17.25-27; 2 Сам 5,2; Пс 78,71-72И по третпат му рече: „Симоне Јованов, Ме љубиш ли?“ Петар се нажали дека по третпат го праша: „Ме љубиш ли?“ И Му рече: „Господи, Ти сѐ знаеш; Ти знаеш дека Те љубам.“ Исус му рече: „Паси ги овците Мои!
18Мт 16,22; 26,39; Дела 21,11.14; 2 Птр 1,14Вистина, вистина ти велам: кога беше помлад, сам се препашуваше и одеше каде што сакаше; кога ќе остариш, ќе ги рашириш рацете свои, и друг ќе те препаша и поведе на каде што нејќеш.“
19А ова го рече за да покаже со каква смрт ќе Го прослави Петар Бога. И штом го кажа тоа, му рече: „Врви по Мене!“
Омилениот ученик и сведоштвото кое останува20А Петар, кога се заврти, виде дека по него оди оној кого Исус го сакаше и кој на вечерата се беше навалил на градите Негови и прашуваше: „Господи, кој ќе Те предаде?“
21Штом го виде Петар него, Му рече на Исус: „Господи, а овој, пак, зошто?“
22Мт 16,28; 1 Кор 11,26; Јк 5,7; Откр 2,25; 22,7.12.17.20Исус му рече: „Ако сакам тој да остане додека да дојдам, тебе што ти е? Ти врви по Мене!“
2314,3; 3 Јн 1,5И се пренесе овој збор меѓу браќата дека тој ученик нема да умре. Но Исус не му рече дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане додека дојдам, тебе што ти е?“
2415,27; 19,35Тој е ученикот кој сведочи за овие настани и ги напиша; и знаеме дека сведоштвото негово е вистинско.
2520,30А има и многу други работи што ги изврши Исус и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.