1Царот Соломон беше цар над сиот Израел.
2И еве кои заземаа кај него високи должности: Азарија, син на свештеникот Садок;
3Елихореф и Ахија, синови на Сусаким – писари; Јосафат, Ахилудов син – летописец;
4Ванеја, Јехојадаевиот син, – началник на војската, Садок и Авијатар – свештеници;
52 Сам 15,37Азарија, Натановиот син, – началник на управителите, и Завуд, син на Натан, – свештеник и советник на царот;
6Ахишар, – управник на царскиот дом, а Хадорам, – син Авдин – на даноците.
7Соломон имаше дванаесет управници над сиот Израел, кои му доставуваа храна на царот и на неговиот дом; секој беше должен да доставува храна за по еден месец во годината.
8Еве ги имињата нивни: Бен-Хув – на Ефремовата Гора;
9Бен-Декер – во Макац и во Шаалевим, во Ветсамис, во Елон, во Бет-Ханан;
10Бен-Хесед – во Арубот; нему исто така му припаѓаше Сохо и целата земја Хеферова;
11Бен-Аминадав – над целата област Дор; а Тафат, Соломоновата ќерка, беше негова жена;
12Баана, Ахилудовиот син, во Танах и Мегидо, и во целиот Бет-Шан кој е близу до Царетан под Јизреел, од Бет-Шан до Авел-Мехола, и дури зад Јокмеам;
134 Мојс 32,41; 5 Мојс 3,14; Ис.Н. 13,30Бен-Гевер – во Рамот Галаадски; нему му припаѓаа селата на Јаир, Манасиев син, кои се во Галаад; нему му припаѓаше и областа Аргов, во Башан, шеесет големи градови со ѕидови и бакарни резиња;
14Ахинадав, Идов син, во Маханаим;
15Ахимаац, во земјата Нефталимова; тој си ја беше земал за жена Васемата, Соломонова ќерка;
16Баана, син на Хушај, во земјата Асирова и во Беалот;
17Јосафат, син на Паруах, во земјата Исахарова;
18Семеј, синот на Ила, во земјата Венијаминова;
19Гевер, Уриев син, во земјата галаадска, во земјата на аморејскиот цар Сихон, и на башанскиот цар Ог. Тој беше управник на таа земја.
Успех на Соломоновото владеење20 1 Мојс 22,17 Јудејците и Израелците, бидејќи многубројни како песокот крај морето, јадеа, пиеја и се веселеа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
