Проповедник 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 5 Мојс 33,3; Изреки 16,1 И сево ова го ставив во срцето свое, за да испитам дека праведните и мудрите нивни дела се во рацете Божји, и дека човекот не знае ни за љубов, ни за омраза во сето тоа, што е пред него.

23,19За секој и за сите е едно: една судбина за праведен и неправеден, за добар и лош, за чист и нечист, како за оној кој принесува жртви, така и за оној кој не принесува; како за добар, така и за грешник; како за оној што се колне, така и за оној што се плаши од клетва.

38,11Токму тоа е најлошо од сѐ што се случува на земјата, дека еден е крајот за сите, па затоа срцето на синовите човечки е полно со зло, и безумие има во срцето нивно додека се живи; а потоа тие умираат.

4Кој е меѓу живите, има уште на­деж, бидејќи и куче живо е подобро, отколку мртов лав.

58,10Живите знаат дека ќе умрат, а мрт­вите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот,

6и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што се случува на земјата.

72,24И така, оди, јади го радосно лебот свој и пиј го со радосно срце виното свое, кога Бог има наклоност кон твои­те дела.

8Во секое време облеката да ти биде празнична, и секогаш да има миризливи мазила на лицето твое.

9Изреки 5,18Во сите дни на својот суетен живот насладувај се од животот заедно со же­ната, што ја сакаш, и која ти ја дал Бог на земјата за сите твои суетни дни; зашто, тоа е твој дел во животот и во твоите трудови, со кои се трудиш на земјата.

10Сѐ, што може да врши раката твоја, според силите твои, врши; зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост.

Мудроста не е секогаш ефикасна

11И пак видов на земјата дека на бр­зите не им се дава победа, ниту на храб­рите – битката, ниту на мудрите – леб, ниту на разумните – богатство, ниту на искусните – благонаклоност, но времето и приликите им се слу­чуваат на сите нив.

12Лк 12,20Зашто човек не знае кога ќе го снај­де несреќа. Како што рибите налетуваат во погубна мрежа, и како што пти­ците се заплеткуваат во примки, така и синовите човечки се уловуваат во теш­ко време, кога тоа неочекувано ќе дојде за нив.

13Еве уште каква мудрост видов на земјата, и таа ми се причини голема:

14мал град и во него малку луѓе; дојде против него голем цар, го оп­коли и почна околу него да издига големи опсадни направи;

154,13; Изреки 21,22; 24,5но во него се најде човек сиромав, но умен, и тој со својата мудрост го спа­си тој град; и при сето тоа никој не се сети за тој сиромав.

167,19И јас си реков: мудроста е по­добра од силата, и при сето тоа што мудроста на сиромавиот се пренебрегнува, и збо­ровите негови не се слушаат.

17Зборовите на мудрите, искажани спокојно, се ислушуваат подобро, от­колку викањето на кнез меѓу глупаци.

18Мудроста е подобра од воено ору­ж­је; но еден грешник расипува многу добри работи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help