2 Летописи 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Гревовниот сојуз на Аса со Венадад(1 Цар 15,17-22)

1 Ер 41,9 Во триесет и шестата година од царувањето на Аса, израелскиот цар Баша се крена против Јудеја и почна да ја утврдува Рама, за да не му дозволи никому ниту да излегува од ју­дејскиот цар Аса, ниту да доаѓа кај него.

2Тогаш Аса изнесе сребро и злато од ризниците на домот Господов и на цар­скиот дом и ги испрати до арамејскиот цар Венадад, кој живееше во Дамаск, велејќи:

3„Нека има сојуз меѓу мене и тебе, како што беше меѓу татко ми и таткото твој; ти испраќам сребро и злато: оди и раскини го сојузот свој со израелскиот цар Баша, за да се повлече од мене.“

4Венадад го послуша Аса и испрати свои војводи, што ги имаше кај себеси, против израелските градови, и тие го опустошија Ијон, Дан и Авел-Маим и сите житници во Нефталимовите гра­дови.

5Кога чу за тоа Баша, престана да ја утврдува Рама и ја прекина работата своја.

6А царот Аса ги собра сите Јудејци, и тие ги изнесоа од Рама камењата и др­вата, што ги употребуваше Баша за градење, и ги изгради со нив Гева и Мицпа.

Пророкот Ананиј

7 1 Цар 16,1 Во тоа време дојде јасновидецот Ананиј кај јудејскиот цар Аса и му рече: „Бидејќи ти се потпре на арамеј­скиот цар, а не се потпре на Господ, твојот Бог, затоа се спаси од рацете твои војската на арамејскиот цар.

814,8-12Етиопјаните и Либијците не беа ли со поголема сила и со многу повеќе коли и коњаници? Но бидејќи ти се потпре на Господ, и Тој ги предаде во раката твоја,

91 Цар 15,6; Ер 16,17; Зах 3,9; Пс 33,13-15; Јов 24,23зашто очите Господови ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чие срце наполно Му е предадено Нему. Ти сега постапи неразумно; затоа отсега ќе имаш војни.“

101 Цар 22,27Тогаш Аса се налути на јасновидецот и го затвори во темница, бидејќи беше разјарен против него поради тоа. Во тоа време Аса угнетуваше и некои од народот.

Крај на владеењето на Аса(1 Цар 15,23-24)

11Впрочем, делата на Аса, први и пос­ледни, се опишани во книгата на царевите јудејски и израелски.

12Ер 17,5-6На триесет и деветтата година од царувањето свое Аса се разболе во но­зете, и болеста негова се прошири до горните делови на телото; но тој ни во болеста своја не Го побара Господа, туку лекари.

13И почина Аса кај своите предци и умре во четириесет и првата година од царувањето свое.

141 Мојс 50,5И го погребаа во гробницата, која сам си ја беше изградил во Дави­довиот град; го положија на одарот, преполн со благопријатни мириси и со разни веш­тачки масти; и ги из­гореа во голем оган во негова чест.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help