1 26,29-33; 1 Мојс 50,23; Ис.Н. 17,2-3; 1 Лет 2,21 И дојдоа ќерките на Салпаад, син на Хефер, кој беше син на Галаад, а тој – син на Махир, од поколението на Манасија, син Јосифов; и еве ги имињата на ќерките негови: Махла, Ноа, Хогла, Милка и Тирца;
2и откако застанаа пред Мојсеј, пред свештеникот Елеазар, пред кнезовите и пред целото општество, при влезот од скинијата на собранието, рекоа:
314,29; 16,35„Таткото наш умре во пустината, и тој не беше меѓу соучесниците што станаа против Господ заедно со луѓето на Кореј, туку умре поради свој грев, без синови.
4Зошто да се загуби името на таткото наш меѓу племето негово поради тоа што нема син? Дајте ни дел меѓу браќата на таткото наш!“
51 Мојс 25,22; 2 Мојс 18,19И Мојсеј го изнесе прашањето нивно пред Господ.
6А Господ му рече на Мојсеј:
736,2; Ис.Н. 17,4; Јов 42,15 „Право велат Салпаадовите ќерки; дај им наследствен дел меѓу браќата на таткото нивни и предај им го ним делот на нивниот татко,
8а на синовите на Израел јави им и кажи: ако некој умре, и не остави син, предавајте го наследството негово на ќерките негови;
9ако, пак, тој нема ќерки, давајте го неговиот дел на браќата негови;
10ако нема браќа, дајте го неговиот дел на стриковците негови;
11ако, пак, нема ни стриковци, дајте му го неговиот дел на најблискиот негов роднина од неговиот род; и нека биде тоа закон за синовите израелски, како што му заповедал Господ на Мојсеј!“
Исус посветен за наследник на Мојсеј12 5 Мојс 3,23-28; 31,1-8 3 Мојс 14,34; Ер 22,20 И му рече Господ на Мојсеј: „Излези на планината Аварим и погледај ја земјата што им ја давам на синовите израелски;
135 Мојс 4,22; 32,48-52; 1 Цар 2,1и откако ќе ја погледаш, прибери се и ти при народот свој, како што се прибра Арон, братот твој;
1420,1-13; 2 Мојс 17,7зашто вие не ја послушавте заповедта Моја во пустината Син, кога меѓу општеството се појави расправија, да ја покажете пред очите нивни Мојата светост при водата. Тоа е водата Мерива кај Кадис, во пустината Син.“
15И Му рече Мојсеј на Господ, велејќи:
1616,22„Господ, Бог на духовите во сите тела, нека одреди над овој народ човек,
171 Цар 22,17; Ез 34,5; Мт 9,36кој ќе ги управува, и кој ќе ги предводи во сите можни околности, та да не остане народот Господов како стадо без пастир.“
184 Мојс 23,28; 5 Мојс 31,7; Дела 6,6И му рече Господ на Мојсеј: „Земи го Исус, Навиновиот син, човек, во кого има Дух, и положи ја врз него раката своја.
19Претстави го пред свештеникот Елеазар и пред целото општество, и дај му наредби пред целиот народ,
20Ис.Н. 1,16-17и дај му од славата твоја за да го слуша сиот народ на синовите израелски;
212 Мојс 28,30; 1 Сам 28,6; Ис 8,19; Пс 106,13; Јн 11,51а тој да се обраќа до свештеникот Елеазар и да се допрашува до него за решенија преку урим пред Господ; и според зборот негов секогаш да постапуваат: тој и сите синови на Израел со него, и целото општество.“
22И направи Мојсеј како што му заповеда Господ Бог, и го зеде Исуса, па го претстави пред свештеникот Елеазар и пред целото општество;
235 Мојс 31,23; 34,9и ги положи врз него рацете свои и му даде совет, како што заповеда Господ преку Мојсеј.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.