2 Летописи 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1Аса го правеше она што беше добро и угодно пред очите на не­говиот Господ Бог;

22 Мојс 23,24; 34,13; Суд 2,2тој ги отстрани жртвениците на туѓите богови и идолските светили­шта, ги скрши статуите и ги исече паганските столбови;

31 Лет 16,11им заповеда на Јудејците да Го бараат Господ, Бог на нивните предци, да го исполнуваат законот Негов и заповедите;

41 Цар 15,14; Ис 27,9; Ез 6,4ги отстрани од сите градови Јудини идолските светилишта и статуите на сонцето. И царството негово беше спокојно.

51 Лет 22,9И бидејќи беше спокојна земјата, тој изгради тврдини во Јудеја; тој не војуваше во тие години, зашто Господ му беше дал спокојство.

61 Лет 22,9И им рече Аса на Јудејците: „Да ги изградиме овие градови и да ги загра­диме со ѕидиште и кули, со порти и клу­чеви; земјата е уште на­ша, зашто ние Го побаравме Господа, нашиот Бог; ние Го побаравме, и Тој ни даде спокојство од сите страни.“ И почнаа да градат, и успеваа.

7Воената сила на Аса беше: од Ју­диното колено триста илјади воору­жени со штитови и копја, од Венијами­новото колено двесте и осумдесет илјади јунаци, вооружени со штитови и стрелци со лак.

81 Мојс 10,8-9И се крена против нив Зерах, Етио­пјанин, со еден милион војска и триста коли, и стигна до Мареша.

9Му излезе Аса во пресрет, и се распоредија за борба во долината Сефата, кај Мареша.

101 Цар 8,44; Пс 9,18; 60,11-12Повика Аса кон Господ, неговиот Бог, и рече: „Господи, нели е во Твоја сила да им помагаш на силни и слаби? Тогаш помогни ни нам, Господи, Боже наш, зашто ние на Тебе се надеваме и во Твое име излеговме против ова мно­жество. Господи, Ти си наш Бог; да не биде човекот посилен од Тебе.“

11И Господ ги порази Етиопјаните пред Аса и пред Јуда, и Етиопјаните из­бегаа.

121 Мојс 10,19; 2 Сам 22,38; Пс 44,1; Неем 9,24Аса, пак, и народот со него ги гоне­ше до Герар; Етиопјаните паднаа толку, што ниеден не остана жив, зашто беа поразени пред Господ и пред Неговата војска. И собраа прилично голем плен.

131 Мојс 35,5; 5 Мојс 2,25Ги разрушија сите градови околу Герар, зашто ужас од Господ налета врз нив; и ги ограбија сите градови и изнесоа од нив многу голем плен.

14Ги разрушија и пастирските колиби, ограбија многу стада од ситен доби­ток и камили, и се вратија во Ерусалим.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help