Излез 18 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Мојсеј и неговиот тест Јотор

1 2,16.18; 3,1 А Јотор, свештеникот мидјан­ски, тестот Мојсеев, чу за сѐ што направи Бог за Мојсеј и за Израел, на­родот Свој, како го изведе Господ народот израелски од Египет.

22,21И ја зеде Јотор, тестот Мојсеев, Ци­пора, жената Мојсеева, која пред тоа се беше вратила,

32,22; 4,20; Дела 7,29и двата сина нејзини: на едниот името му беше Герешом, бидејќи Мојсеј велеше: „Доселеник сум во туѓа земја“,

41 Лет 23,15а на вториот името му беше Елиезер, бидејќи рече: „Бог на таткото мој ми се најде на помош и ме избави од мечот на фараонот.“

5И Јотор, тестот Мојсеев, дојде со синовите негови и со жената негова кај Мојсеј во пустината, каде што тој се беше улогорил на планината Божја,

6па го извести Мојсеј, велејќи: „Ете, јас, тестот твој Јотор, доаѓам кај тебе, и жената твоја, и обата сина нејзини со неа.“

71 Мојс 29,13И Мојсеј му излезе во пресрет на тестот свој и му се поклони, и го бакна; па откако се поздравија еден со друг, влегоа во шаторот.

84 Мојс 20,14И му раскажа Мојсеј на тестот свој за сѐ што направи Господ со фараонот и со Египќаните поради Израелците, и за сите тешкотии што ги снајдуваа патем, и како Господ ги избави.

91 Цар 8,66; Ис 63,7; Пс 145,7И се зарадува Јотор за сите добрини што му ги направи Господ на Израел, спасувајќи го од рацете на Египќаните.

101 Мојс 9,26; 24,27Тогаш Јотор рече: „Нека е бла­го­словен Господ, Кој ве избави од рацете египетски и од рацете фараонови и Кој го избави народот од власта на Егип­ќаните!

1112,12; 1 Лет 16,25; Лк 1,51Сега знам дека Господ е поголем од сите богови, бидејќи го избави народот од египетското ропство, кога тие пос­тапуваа многу сурово со него.“

1210,25; 24,5.11; 1 Мојс 26,30; 31,54; 5 Мојс 12,7Потоа Јотор, тестот Мојсеев, Му принесе на Бога сепаленица и други жртви. Тогаш дојде и Арон, и сите ста­ре­шини израелски да јадат леб со тестот Мојсеев пред Бога.

Мојсеј назначува началници

13А утредента седна Мојсеј да му суди на народот; и сиот народ стоеше пред Мојсеј од утрото до вечерта.

14И тестот Мојсеев, гледајќи сѐ што тој прави со народот, рече: „Што пра­виш така со народот? Зошто само ти седиш, а сиот народ стои пред тебе од утро до вечер?“

1533,7; 1 Мојс 25,22А Мојсеј му одговори на тестот свој: „Народот доаѓа кај мене за да бара совет од Бога.

1624,14; 5 Мојс 1,17Кога ќе им се случи некоја работа, тие доаѓаат при мене, и јас пресудувам помеѓу нив и им ги кажувам наредбите Божји и законот Негов.“

17Но тестот Мојсеев му рече: „Не го правиш тоа добро.

184 Мојс 11,11.14.17; 5 Мојс 1,9.12Ќе се измориш и ти и сиот народ, кој е со тебе; бидејќи таа работа е многу тешка за тебе; ти сам не можеш да ја извршуваш.

194 Мојс 27,5Туку послушај ме сега и ќе те посоветувам, и Бог ќе биде со тебе; ти биди посредник пред Бога за народот, и работите нивни соопштувај Му ги на Бога:

205 Мојс 4,1.5; 5,1; Пс 119,12.26.68; 143,8Учи ги на наредбите Божји и на законот Негов, и покажувај им го патот Негов, по кој треба да одат и делата што треба да ги вршат.

2123,8; 1 Мојс 47,6; 4 Мојс 1,16; 7,2; 10,4; 5 Мојс 1,9-18; 16,18-19; Ез 18,8; Пс 15,5; Езд 7,25; Дела 6,3А ти од сиот народ одбери способни луѓе, кои имаат страхопочит кон Бога; луѓе справедливи, кои мразат користољубие, па постави ги над нив како ил­јадници, стотници, педесетници, и десетари.

224 Мојс 11,17; 5 Мојс 1,9.17-18Тие нека му судат на народот во секое време и да те известуваат за секое потешко дело; а за сите мали работи тие самите нека пресудат. Така ќе ти биде полесно и тие тебе ќе ти помагаат.

23Ако го направиш тоа, и Бог ти го одобри тоа, тогаш ќе можеш да ис­траеш, и сиот тој народ ќе си оди мирно во своето место.“

24И го послуша Мојсеј тестот свој, и направи сѐ, како што му рече.

254 Мојс 1,16; 11,16; 5 Мојс 1,13-15; 16,18И избра Мојсеј од сиот Израел спо­собни луѓе, па ги постави за началници пред народот: илјадници, стотници, пе­десетници и десетари.

265 Мојс 16,18; Езд 7,25; 2 Лет 19,5И тие му судеа на народот во секое време, а за тешките дела му кажуваа на Мојсеј; за сите мали работи, пак, судеа сами.

274 Мојс 10,30Потоа го пушти Мојсеј тестот свој, и тој си отиде во својата земја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help