1 52,3; 5 Мојс 24,1; Ер 3,6-8; Ос 2,4-9; Мт 19,7 Вака вели Господ: „Каде ѝ е писмото за развод на вашата мајка, со која ја отпуштив? Или на кого од моите заемодавачи ве продадов? Ете, вие сте продадени заради гревовите свои, и заради вашите престапи мајка ви е отпуштена.
219,5; 59,1.16; 65,12; 66,4; 2 Мојс 7,18.21; 4 Мојс 11,23; Наум 1,4; Пс 106,9; 107,33; Откр 3,20Зошто кога дојдов, немаше никого? И кога повикав, никој не се одѕва? Зар раката Моја се скратила, та не може да избавува или во Мене нема сила да спасувам? Ете, со заканувањето Свое море пресушувам, претворам реки во пустина; рибите во нив гнијат поради недостиг на вода и умираат од жед.
32 Мојс 10,21-23; Откр 6,12Јас ги облекувам небесата во мрак и вреќиште им правам за покривка.“
Страдања за Божјиот слуга4 40,29; 54,13; Јн 3,11 Господ Бог ми даде вешт јазик, за да можам со зборови да го поткрепувам изнемоштениот: секое утро Тој го разбудува увото мое, за да слушам како оние што се учат.
553,12; 63,10; Пс 40,6Господ Бог ми го отвори увото, и јас не се противставив, не отстапив назад.
6Плач 3,30; Мт 26,67; 27,30Грбот свој го подметнав на оние што ме биеја, и образите свои – на оние што ме удираа; лицето свое не го скрив од подбив и плукање.
7Ер 1,18; 5,3; Ез 3,8-9; Пс 25,3И Господ Бог ми помага: затоа не се срамувам, затоа го држам лицето свое како кремен, и знам дека нема да останам посрамен.
8Јов 13,18-19; Рим 8,33-34Близу е Оној, Кој ме оправдува: кој сака да се натпреварува со мене? Да застанеме заедно. Кој сака да се суди со мене? Нека пристапи кон мене.
951,8; Ос 5,12; Пс 102,26; Јов 13,28; Јн 8,46Ете, Господ Бог ми помага: Кој ќе ме осуди? Ете, сите тие како облека ќе изветвеат; молец ќе ги изгризе.
1042,7.16; 49,9; 2 Мојс 23,21; 5 Мојс 4,30; Ез 3,7; Мих 7,8; Јн 3,11Кој од вас се плаши од Господ, нека го слуша гласот на Неговиот слуга! Кој оди во мрак, без светлина, да се надева на името Господово и да се потпира врз својот Бог.
1143,17; Пс 7,13Ете, сите вие што палите оган, кои сте вооружени со запалени стрели – одите во пламенот на вашиот оган и на стрелите, што сте ги вжештиле! Тоа ќе ви биде од мојата рака: во маки ќе умрете.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.