Псалми 48 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПСАЛМ 48Радоста на Сион поради Божјата помош во војна

1Голем е Господ и многу фален во градот на нашиот Бог, на Својата света гора.

296,4Прекрасна возвишеност, радост на целата земја е гората Сион; на северната страна нејзина е градот на големиот Цар.

3Мт 5,35Бог, Кој е во Неговите тврдини, се покажа како сигурна одбрана.

49,9; 18,2; 46,7.11; 59,9.16-17; 62,2.6; 144,2Зашто, ете, се собраа царевите зе­м­ни и сите дојдоа заедно,

5па, откако видоа, се восхитија, се стаписаа и збунети побегнаа:

668,12страв ги опфати таму, па се мачеа како жена родилка;

72 Мојс 15,14; Ис 13,8; 21,2; Ер 4,31; 50,43; 1 Сол 5,3; Јн 16,21како силен ветар што ги разбива таршишките кораби.

8Како што чувме, така и видовме во градот на Господ Саваот, во градот на нашиот Бог: Бог го основа за довека.

9Ја спомнуваме, Боже, милоста Твоја среде храмот Твој.

10Името Твое, Боже, како и Твојата слава досегаат до краиштата на земјата: Твојата десница е полна со победа.

11113,3; Мал 1,11Нека се весели гората Сион, и да се радуваат јудејските ќерки заради Твои­те судови.

1297,8Одете околу Сион и обиколете го, избројте ги кулите негови.

13Ис 26,1; 33,20-21Видете ги бедемите негови, разгле­дајте ги неговите дворци, за да му рас­кажете на идниот род,

1478,4дека овој Бог е наш Бог во сите векови: Тој ќе ни биде пастир вечен.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help