1Соберете се, соберете се, народи бесрамни,
2Ос 13,3; Плач 2,22додека не бидете одвеани како плева, додека уште не е дојден врз вас пламнатиот гнев Господов, додека не настапил денот на јароста Господова.
3Ис 57,15; Амос 5,4Побарајте Го Господа, сите скромни на земјата, вие што ги извршувате законите Негови; побарајте ја правдата, побарајте ја понизноста; можеби ќе бидете заштитени во денот на гневот Господов.
Суд за Филистеја4 Ис 14,28-32; Ер 47; Ез 25,15-17; Амос 1,6-8; Зах 9,5 Зашто Газа ќе биде напуштена и Ашкелон ќе запусти, Ашдод ќе биде изгонет среде ден, а Екрон ќе се искорени.
53,6; 5 Мојс 2,23; Ис.Н. 13,2; Ер 47,4; Амос 9,7Тешко им на жителите од приморскиот крај, на народот од Крит! Словото Господово е против вас, Хананци, земјо филистејска! Јас ќе те истребам, и во тебе нема да има жители,
6Ис 65,10па ќе стане приморскиот крај ливада, овчарско пасиште и ограда за добиток.
7Зах 10,3И тој крај ќе му припадне на остатокот од домот Јудин, и ќе пасат таму и во куќите на Ашкелон вечерта ќе ја поминуваат, зашто Господ, нивниот Бог, ќе ги посети и ќе им ја измени судбината.
Суд за Моав и Амон8 4 Мојс 22,36; 5 Мојс 2,19; Ис 15–16; Ер 48,1; 49,6; Ез 25,1-11; Амос 1,13; 2,3 Го чув хулењето од Моав и навредите од синовите Амонови, како се подигруваат со Мојот народ и како се шират во пределите негови.
91 Мојс 19,1; Ис 13,19; 14,2; Зах 2,13Но жив сум Јас, вели Господ Саваот, Бог Израелов: Моав ќе биде како Содом, и синовите на Амон ќе бидат како Гомора, земја на коприви, соларник, пустина за навек; остатокот од Мојот народ ќе ги плени, и оние што ќе останат од Мојот народ, ќе ги наследи.
10Ер 48,42Тоа ќе им биде цената за гордоста нивна, зашто се подигруваа и се ширеа над народот на Господ Саваот.
11Ис 24,15; 42,12Страшен ќе биде за нив Господ: Тој ќе ги истреби сите земни богови, и Нему ќе Му се поклонат – сите од своите места, сите острови на народите.
Суд над Етиопија12 2 Цар 19,9; Ис 18–20; Ер 46; Ез 29–32 И вие, Етиопјани, ќе бидете поразени од Мојот меч.
Суд над Асирија13Потоа Господ ќе ја протегне раката Своја на север, ќе го уништи Ашур, а Ниневија ќе ја претвори во урнатина, во место суво како пустина,
14Ис 34,11и стада ќе лежат по неа и секаков вид животни: буф и еж ќе ноќеваат врз столбовите, утки и гаврани ќе гракаат по праговите, зашто нивните кедарски градби ќе запустат.
15Ис 47,8.10; Ер 18,16; 19,8; 49,17Тој ли е прочуениот град, кој живееше безгрижно и во срцето свое си велеше: „Јас сум и нема друг освен мене!?“ И еве, ќе стане урнатина, легло за ѕверови! И секој што ќе помине покрај него, ќе потсвирне и ќе мавне со раката.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.