Захарија 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Шесто видение: Свиток што лета

1Потоа пак ги подигнав очите и видов: а тоа лета свиток.

21 Цар 6,3; Ез 2,9-10; Откр 10,9-11И ме праша тој: „Што гледаш?“ Му одговорив: „Гледам свиток како лета; должината му е дваесет лакти, а ширината десет лакти.“

32 Мојс 20,7.15; Ис 24,6; Мал 3,5Тогаш ми рече: „Тоа е проклетството што ќе се излие врз целата земја; и секој што краде, ќе се истреби, како што е напишано на едната страна; и секој што се колне лажно, ќе се истреби – како што е напишано на другата страна.

4Ез 6,11; Изреки 3,33Јас го пуштив – вели Господ – и тој ќе влезе во домот на крадецот и во домот на оној, што се колне лажно во името Мое, и ќе остане во домот негов, и ќе ги истреби него, и дрвјата негови и камењата негови.“

Седмо видение: жена во кошница

5Тогаш влезе ангелот, што зборуваше со мене, и ми рече: „Подигни ги очите пак и погледај – што е она што излегува?“

6А кога прашав: „Што е тоа?“ тој ми одговори: „Она што излегува е кошница од една ефа, па додаде: тоа е престапот нивен по целата земја.“

7И, ете, одеднаш се подигна капак од олово, а таму една жена седеше во кош­ницата за една ефа.

8Ми рече тој: „Таа жена е беззаконието“, па ја турна во кошницата за ефата, а отворот го затна со оловниот капак.

9Ез 8,3; Откр 12,14И одново ги подигнав очите и видов: одеднаш се појавија две жени, и ветар имаше меѓу крилјата нивни; а крилјата им беа како крилја на штрк; и ја кренаа тие кошницата за ефата и ја понесоа угоре меѓу земјата и небото.

10Го прашав ангелот, што зборуваше со мене: „Каде ја носат таа кошница за ефа?“

11Дан 1,2А тој ми одговори: „За да се изгради за неа дом во земјата Сенаар, и кога ќе биде сѐ подготвено; тогаш таа ќе биде однесена и поставена на своето место.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help