Псалми 84 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПСАЛМ 84Копнеж за светилиште

1 8,1 Колку се мили Твоите живеа­лишта, Господи на силите!

2Копнее душата моја, сакајќи да е во Господовите дворови; срцето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог.

342,2.8; 122,1И птичката си наоѓа живеалиште, и ластовичката гнездо, каде што ќе ги по­ложи пилињата свои, при олтарите Твои, Господи на силите, царе мој и Боже мој!

45,2Блажени се оние, кои живеат во до­мот Твој; тие постојано Те фалат.

5Блажен е оној човек, кој заштита ба­ра кај Тебе и во чие срце се пати­штата Твои.

6Преминувајќи ја Сушната Долина, тие ја претвораат во извори, и дожд ја покрива со вирови;

7Ез 34,26; Јоил 2,23минуваат од сила во сила, додека не Го видат Бога, на Сион.

8Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја, послушај, Боже Јако­вов!

9Боже, заштитнику наш, погледај и види го лицето на твојот помазаник!

10Зашто еден ден во Твоите дворо­ви е подобар отколку – илјада дни надвор. Повеќе би сакал да стојам на прагот пред Божјиот дом, отколку да живеам во шаторите на нечестието.

11Бидејќи Господ Бог е сонце и штит, Тој дава благодат и слава; Господ не ги лишува од блага оние, што одат непо­рочно.

1247,9; 89,18Господи на силите, блажен е оној човек, кој се надева во Тебе!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help