1 Летописи 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Потомците на Јуда

1 1 Мојс 35,23-26 Еве ги синовите на Израел: Рувим, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Заву­лон,

2Дан, Јосиф, Венијамин, Нефталим, Гад и Асир.

31 Мојс 38,5.7; 38,27-30

1 Мојс 29,35; 4 Мојс 26,19Синови на Јуда: Ер, Онан и Шела, – тројцата му се родија од Шуевата ќерка, Хананејка. Ер, првенецот Јудин, беше лош во очите на Господ, и Тој го уби.

4Тамара, негова снаа, му ги роди Фарес и Зерах. Сите синови на Јуда беа пет.

5Синовите на Фарес се: Есром и Хамул.

61 Цар 5,11Синовите на Зерах: Замвриј, Етан, Еман, Калкол и Дара – сѐ на сѐ пет.

7Ис.Н. 6,18; 7,1Синови на Карми: Ахар, кој навлече неволја врз Израел, прекр­шувајќи ја заклетвата.

8Син на Етан: Азарија.

Семејната лоза на царот Давид

9 4 Мојс 26,21 Синови на Есром што му се родија: Јерахмеел, Арам и Келувај.

102 Мојс 6,23; 4 Мојс 1,7Арам, пак, го роди Аминадав: Ами­надав го роди Наасон, началник на Јудините синови;

11Наасон го роди Салмон, Салмон го роди Вооз;

12Рута 2,1; 4,17Вооз го роди Овид, Овид го роди Јесеј;

131 Сам 16,6-13Јесеј го роди својот прв син Елијав, вториот Аминадав, третиот Шима,

14четвртиот – Натанаил, петтиот – Радај,

15шестиот – Озем, седмиот – Давид.

161 Сам 26,6; 2 Сам 2,13.18Нивни сестри беа: Саруја и Авигеја. Синови на Саруја: Авеса, Јоав и Асаил, – тројца.

172 Сам 17,25Авигеја го роди Амаса; а татко на Амаса беше Јетер, Јишмаелец.

18Халев, синот Есромов, со жените Азува и Јериота, и еве ги синовите негови: Јешер, Шовав и Ардон.

19Умре Азува, и Халев ја зеде за жена Ефрата, а таа му го роди Ор.

20Ор го роди Ури, а Ури го роди Веселеил.

21Потоа Есром влезе при ќерката на Махир, Галаадов татко, и ја зеде, кога тој беше на шеесет години, а таа му го роди Сегув.

22Сегув го роди Јаир; тој имаше дваесет и три града во Галаадската земја,

234 Мојс 32,41; 5 Мојс 3,14бидејќи од Гесурците и Арамеј­ците ги зеде селата Јаирови и Кенат со селата, – шеесет градови. Сите тие градови беа на синовите од Махир, Галаадовиот татко.

24Откако умре Есром во Ха­лев-Еф­рат, Есромовата жена Авија му го роди Ашхур, татко на Текоа.

Потомците на Јерахмеел

25Синови на Јерахмеел, Есромовиот првенец, беа: првенецот Арам, по него Буна, Орен, Озем и Ахија.

26Јерахмеел имаше и друга жена, по име Атара; таа беше мајка на Онам.

27Синовите на Арам, првенец Јерах­меелов, беа: Маац, Јамин и Екер.

28Синови на Онам беа: Шамај и Јада. Синови на Шамај: Надав и Авишур.

29Жената Авишурова се викаше Авихајла, таа му ги роди Ахван и Молид.

30Синови на Надав: Селед и Афаим. Селед умре бездетен.

31Афаимовиот син беше Иши, Ишиевиот син – Шешан, Шешановиот син – Ахлај.

32Синови на Јада, Шамаевиот брат: Јетер и Јонатан; Јетер умре бездетен.

33Синови на Јонатан: Пелет и Заза. Тоа се синовите Јерахмеелови.

34Шешан немаше синови, туку само ќерки. Шешан имаше еден роб, Егип­ќанец, по име Јарха.

35Шешан му ја даде ќерката своја за жена на својот роб Јарха, а таа му го роди Атај.

36Атај го роди Натана, Натан го роди Завад;

37Завад го роди Ефлал, Ефлал го роди Овид;

38Овид го роди Јуј, Јуј го роди Азарија;

39Азарија го роди Хелец, а Хелец го роди Елеаса;

40Елеаса го роди Сисмаја, Сисмај го роди Салум;

41Селум го роди Јекамија, Јекамија го роди Елишама.

Други потомци на Халев

42Синови на Халев, брат Јера­хмеелов, беа: Меша, негов првенец, кој е татко на Зиф, а синовите на Меша: Хеврон.

43Синови на Хеврон: Кореј и Тапуах, Рекем и Шема.

44Шема го роди Рахам, Јоркеамов татко, а Рекем го роди Шамај.

45Шамаевиот син беше Маон, а Маон беше татко на Бет-Цур.

46А Ефа, прилежницата на Халев, ги роди Харан, Моца и Газез.

47Синови на Јахдај: Регем, Јотам, Гешан, Фелет, Ефа и Сааф.

48Мааха, прилежницата Халевова, го роди Шевер и Тирхан;

49таа го роди и Шааф, таткото на Мадмана и Сева, таткото на Макве­нин и татко на Гива. А ќерка Хале­вова бе­ше Ахса.

50Еве ги синовите Халевови: синот Ор, првенец од Ефрата; Шовал, татко на Кирјат-Јарим;

51Салмон, Витлеемов татко; Хареф, Бет-Гадеров татко.

52Шовал, Кирјат-Јаримовиот татко, имаше син: Харое, од кого се половината жители на Менухот.

53Од родовите на Кирјат-Јарим: Ит­рити, Путити, Шуматити и Миш­раити. Од нив потекнуваат племињата: Сорат­јани и Ештаолјани.

54Синови Салминови: Витлеемците и Нетофатците, Атровците од Јоавовиот дом, и половината од Манахатиевите Сараќани,

55племињата на писарите што живееја во Јабец беа: Тираќани, Шимеаќани, Сукаќани, тоа се Кениј­ците што дојдоа од Хамат, од таткото на Рихавовиот дом.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help