1 2 Јн 1,1 Свештеникот – до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината.
2Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.
Пофалба за добродетелството3 Фил 1,5; 1 Јн 3,19 Многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина – односно како ти одиш во вистината.
42 Јн 1,4За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината.
5Мт 10,41-42Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите.
6Рим 15,24; Тит 3,13Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што треба.
7Бидејќи поради Неговото име тргнаа, не земајќи ништо од незнабошците.
8Мт 18,5; Рим 12,13; Евр 13,2; 1 Птр 4,9Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината.
Властољубието на Диотреф9 Мт 20,27; Фил 2,3 Јас напишав неколку збора до Црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас.
101 Кор 4,18-21; 1 Птр 5,3Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е доволно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Црквата.
111 Птр 3,11; 1 Јн 3,6Возљубени, не угледувајте се на злото, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бога.
12Изреки 22,1; Јн 19,35; 21,24; 1 Птр 2,12; 1 Јн 5,6За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско.
Завршни поздрави13 2 Јн 1,12 Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо,
14туку се надевам дека наскоро ќе те видам, и дека ќе позборуваме лице в лице.
15Мир за тебе! Те поздравуваат пријателите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
