1 .
91 Сам 5,7.10-11Тој ден Давид се исплаши од Господ и рече: „Како ќе дојде кон мене ковчегот Господов?“
101 Сам 7,1И Давид не сакаше да го пренесе ковчегот Господов кај себе, во Давидовиот град, и го остави во куќата на Аведар, кој потекнуваше од Гет.
11И остана ковчегот Господов во домот на Гетчанецот Аведар три месеци; и Господ го благослови Аведар и сиот негов дом.
Пристигнувањето на светиот ковчег во Ерусалим12 1 Цар 8,1; 1 Лет 15,25 Му јавија на цар Давид и му рекоа: „Господ го благослови домот на Аведар и сѐ што е во него, поради Божјиот ковчег“; Давид отиде и свечено го пренесе Божјиот ковчег од куќата на Аведар во Давидовиот град.
131 Цар 8,5И штотуку оние што го носеа ковчегот Господов, изминаа шест чекори, тој принесе жртва едно јунче и еден овен.
141 Сам 2,18; Пс 149,3; 150,4Давид играше со сета сила пред Господ, а беше облечен со ленен ефод.
151 Лет 15,28; Пс 47,5Така Давид и целиот Израелов дом го носеа ковчегот Господов со извици и звуци од труба.
16Кога ковчегот Господов влегуваше во Давидовиот град, Михала, Сауловата ќерка, гледаше од прозорецот нејзин и, откако го виде царот Давид како скока и игра пред Господ, го презре во срцето свое.
171 Цар 8,5.62-63; 1 Лет 15,1.3; 16,1; 2 Лет 1,4Го донесоа ковчегот Господов и го поставија на местото негово среде скинијата, која Давид ја беше направил за него: и Давид принесе сепаленици пред Господ и жртви за помирување.
181 Цар 8,14-15Кога Давид заврши со принесувањето сепаленици и жртви за помирување, тој го благослови народот во името на Господ Саваот;
191 Лет 16,3.43и му раздаде на сиот народ, на целото множество Израелци, и на мажи и на жени, на секого по еден леб, по парче печено месо и по еден колач од суво грозје. Потоа сиот народ се разотиде, секој во куќата своја.
206,14.16Кога се врати Давид за да го благослови домот свој, Михала, Сауловата ќерка, излезе и му рече: „Колку се прослави денес царот Израелов, разголувајќи се пред очите на слугинките од слугите свои, како што се разголува прост човек.“
211 Сам 13,14; 15,28; 25,30; 28,16-17А Давид ѝ одговори на Михала: „Пред Господ, Кој ме одбра мене наместо твојот татко и целиот негов дом, поставувајќи ме за водач на народот Господов – Израел; пред Господ ќе свирам и ќе играм;
22и уште повеќе ќе се понизам, и уште помал ќе станам во своите очи, и при сето тоа, пред слугинките, за кои говориш, јас ќе бидам славен.“
2321,8А Михала, Сауловата ќерка, остана без рожба до денот на својата смрт.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.