1 23,17; 24,19 Не завидувај им на лошите луѓе, и не посакувај да бидеш со нив,
2зашто срцето нивно насилство намислува, и устите нивни за лошо зборуваат.
38,21; 14,1Со мудрост куќа се изградува и со разум се зацврстува,
4а со умешност нејзините простории се исполнуваат со секакви скапоцености и добра.
511,14; 20,18; 21,22Мудриот човек е силен, а разумниот – ја зацврстува силата своја.
6Затоа со обмислување се води војна, а успех ќе има со многу советувања.
714,6; 17,16Мудроста е недостижна за глупавиот, затоа тој не отвора уста на собирите.
810,23; 12,2Кој мисли да направи зло, ќе го наречат зломисленик.
9Безумието има само една мисла: гревот, а исмејувачот е одвратен за луѓето.
1028,1Ако во злочест ден си се покажал слаб, скудна ти е силата.
1128,17Спасувај ги оние што ги водат на смрт, и поштеди ги оние, кои уплашени одат кон губилиштето.
12Мт 16,27; Рим 2,6; Откр 2,23Ако кажеш: „Ете, ние не го знаевме тоа“, а Оној, Кој ги испитува срцата, зар не знае? Оној, Кој бдее над душата твоја, го знае тоа и ќе му даде на човекот според делата негови.
1316,24Јади, синко, мед, затоа што е пријатен, и јади восочен мед, кој е сладок за грлото твое:
14такво е за душата твоја и познавањето на мудроста. Ако си ја нашол, имаш иднина, а твојата надеж нема да те остави.
153,29Не помислувај зло, безбожниче, против живеалиштето на праведниот, не опустошувај го местото на спокојството негово,
16зашто седумпати ќе падне праведникот – и пак ќе стане; а падне ли нечесен, тој изнемогнува во злото.
1717,5Немој да се радуваш, кога непријателот твој ќе падне, и срцето твое да не се весели, кога тој ќе се сопне.
18Инаку, Господ ќе види, и тоа пред очите Негови нема да биде угодно, и Тој ќе го оттргне од него гневот Свој.
1923,17; 24,1Не лути им се на зломислениците и не завидувај им на безбожниците,
20зашто лошиот нема иднина; и светилото на безбожните ќе згасне.
2110,29; 20,26
1 Птр 2,17Имај страв, синко, од Господ и од царот; не востанувај ни против едниот ни против другиот,22зашто неочекувано ќе дојде казната од нив, – а кој е тој што ќе ја предосети пропаста од нив двајцата?
Други совети на мудрите23 17,15; 18,5; 28,21 Кажано е од мудрите: не е добро во судот да има пристрасност.
24Кој му вели на виновниот: „Прав си“, него народите ќе го проколнуваат, него племињата ќе го мразат;
25а кои разобличуваат, ќе бидат сакани, и врз нив ќе дојде благословот.
2615,23; 25,11; 27,23-27Во устата бакнува оној, кој изговара зборови чесни.
27Уреди ги работите надвор од куќата, сврши ги на нивата своја, а потоа гради го домот свој.
2820,22; 25,18Не сведочи лажно против ближниот свој: зошто да лажеш со устата своја?
29Не вели: „Како ми направи тој мене, така и јас ќе му направам нему: ќе му се одмаздам за навредата што ми ја нанесе.“
За мрзливиот човек30 6,6-11; 20,13 Минував покрај нивата на мрзлив човек и покрај лозје на неразумен човек:
31и ете, сѐ беше обраснато со трње, нивата беше покриена со коприва, а камената ограда негова беше урната.
32И погледнав, го устремив срцето свое, погледнав и поука извлеков:
33„Малку ќе поспиеш, малку ќе задремеш, малку со скрстени раце ќе полежиш“ –
34и сиромаштијата ќе ти дојде како брзоодец, и немаштијата твоја – како вооружен човек.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.