1 1,9; 1 Тим 1,10; 2 Тим 4,3 А ти, пак, зборувај го она што се согласува со здравото учење.
21 Кор 13,13; 1 Тим 5,1-2; 6,11Старците да бидат трезвени, целомудрени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението;
31 Тим 3,11старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии – да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро,
4за да ги вразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои;
5Ефес 5,22; Кол 3,18; 1 Тим 2,12да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо.
6Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни,
72 Сол 3,7; 1 Тим 4,12; 1 Птр 5,3а во сѐ претстави се сам како образец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност:
81 Тим 1,10; 5,14; 1 Птр 2,15слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.
9Ефес 6,5-8; 1 Тим 6,1; 1 Птр 2,18Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не противречејќи им;
10Фил 1,18-19; 1 Тим 1,1да не крадат, туку во сѐ да покажуваат добра вера, та науката на нашиот Спасител, Бог, да ја украсуваат во сѐ.
113,4Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.
121 Јн 2,16Таа нѐ учи да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,
131 Кор 1,7; Фил 3,20; 2 Тим 4,8да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос,
142 Мојс 19,5; 5 Мојс 4,20; 7,6; 14,2; Пс 130,8; Рим 3,24; Гал 1,4; 1 Тим 2,6; 1 Птр 2,9Кој се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела.
151 Тим 4,12; 1 Птр 3,13Ова зборувај го, советувај и изобличувај со полна власт; никој да не те презира.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
