Јован 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Исусовиот разговор со Самарјанката

1 час.

71 Мојс 24,20; Ис 12,3Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пи­јам!“

8А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.

9Лк 10,33Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Са­мар­јанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат.

107,37-38; Ер 2,13; 17,13; Зах 14,8; Пс 36,8-9; Откр 21,6; 22,17Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“

11Жената Му рече: „Господи, Ти нема со што да нацрпеш, а кладенецот е дла­бок; од каде, пак, имаш жива вода?

128,53; Мт 12,41-42Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“

13Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни;

146,35; 7,38; Ис 44,3; 58,11; Јоил 3,1а кој пие од водата, што ќе му ја да­дам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“

156,34Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!“

16Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“

17Жената одговори и Му рече: „Не­мам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж;

18Ос 2,7зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“

197,40Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк!

205 Мојс 11,29; 12,5-14; Пс 122,1-5; Лк 9,53Нашите татковци се поклонуваа на оваа планина, а вие велите дека во Еру­салим е местото каде што треба да се поклонуваме.“

21Мал 1,11; Дела 6,14Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми де­ка доаѓа време кога ни на оваа планина, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот.

222 Цар 17,27-41; Ис 2,3; Рим 9,3-4Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.

235,25; Ефес 2,18; 1 Јн 5,6Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат.

24Рим 8,5; 12,1Бог е Дух и оние што Му се покло­нуваат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина.“

251,41Жената Му рече: „Знам дека ќе дој­де Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Тој, сѐ ќе ни каже.“

269,37; Мк 14,61-62А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборува со тебе.“

27И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“

28А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето:

29Мт 12,23„Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“

30Тогаш тие излегоа од градот и трг­наа кон Него.

31Во тоа време, пак, учениците Го мо­леа, велејќи: „Рави, јади!“

325 Мојс 8,3; Мт 4,4Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“

33Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да ја­де?“

345,30А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело.

35Мт 9,37-38; Мк 4,29; Откр 14,15Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како побелеле, готови за жетва.

36Ис 9,2; Пс 126,5-6И жетварот веќе добива плата и со­бира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.

37Мих 6,15; Јов 31,8; 1 Кор 3,6Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘

3817,18; 20,21; Дела 8,14-17Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“

39И мнозина Самарјани од тој град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“

40Лк 9,52; Дела 8,25; 10,48Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена.

41И уште повеќе поверуваа поради словото Негово;

42Лк 2,11; Фил 3,20; 2 Тим 1,10; 1 Јн 4,14а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само заради твоето ка­жување, зашто сами чувме и знаеме де­ка Тој е Спасителот на светот, Хрис­тос.“

Исус исцелува момче на умирање(Мт 8,5-13; Лк 7,1-10)

43А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја.

44Мт 13,57Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема почит.

452,23Кога дојде, пак, во Галилеја, Га­ли­лејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на праз­ни­кот; зашто и тие беа на празникот.

462,1-11И така, Исус пак дојде во Кана Га­лилејска, каде што беше претворил во­да во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум.

47Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање.

48Мт 16,1-4; Мк 13,22; Дела 2,19; Рим 15,19; 1 Кор 1,22; Евр 2,4А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“

49Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“

501 Цар 17,23; Мт 8,13; Мк 7,29А Исус му одговори: „Оди си! Тво­јот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си за­мина.

51И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“

52Мт 8,14-15; Дела 28,8А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“

531,50; 3,12; 20,29; Дела 11,14; 16,14-15.31Тогаш таткото разбра дека тоа ста­на­ло во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом.

542,11Ова беше второто чудо што го из­вр­ши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help