Исус Навин 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Пределите доделени на Ефрем и Манасија

1 1 Мојс 49,22-26; 5 Мојс 33,13-17 Потоа ждрепката падна на Јосифовите синови: од Јордан кај Ерихон, на исток од Ерихонските из­вори, низ пустината што почнува кај Ерихон, преку планината во насока на Ветил;

21 Мојс 28,19од Ветил границата оди кон Луз и минува кон пределот Атарот, населен од Аркијците;

Ефрем

3потоа се спушта на запад, кон границата со Јафлетајците дури до пределот Веторон долни, па и до Гезер и излегува кај морето.

4Тоа го добија како дел Јосифовите синови Ефрем и Манасија.

5Границата на Ефремовите синови според родовите нивни беше оваа: откај исток границата на нивното наследство беше Атрот-Адар до горни Веторон;

6потоа границата оди кон запад, се­верно од Михметат, свртува на исток кон Таанат-Силом и минува источно од Јаноах;

7а од Јаноах, откако слегува кон Ата­рот и Наарата, допира до Ерихон, и излегува на Јордан;

8од Тапуах границата оди кон запад, накај потокот Кана, и завршува кај морето. Тоа е делот на племето на си­новите Ефремови, според родовите нив­ни.

9Ез 48,5Имаше одделни градови за Ефремовите синови и среде наследената земја на Манасиевите синови, – и сите тие градови беа со селата нивни.

1015,63; Суд 1,29Но Ефремовите синови не ги изгонија Хананците, кои живееја во Гезер; затоа Хананците живеат меѓу Ефре­мов­ците до денес, и им плаќаат данок.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help