Наум 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 1,11; Ис 52,7-10 Ете, по горите се стапките на благовесникот, кој најавува мир: праз­нувај ги, Јудејо, твоите празници, извр­шувај ги заветите свои, зашто преку тебе нема веќе да минува нечестивиот; тој е наполно уништен.

Пророштво за разурнување на градот Ниневија

2 Ис 5,26-30; 21,2; Ер 5,15; 6,22-30 Се крева против тебе уништувач: па­зи ги тврдините, чувај го патот, зацврс­ти ги бедрата, собирај сили.

3Ис 5,1; Пс 80,14Зашто Господ ќе го обнови вели­чието на Јаков, како величието на Из­раел, зашто пакосници ги запустија и лозјата им ги сотреа.

4Штитовите на неговите јунаци се црвенеат: војниците негови носат пурпурни облеки; колите бојни ќе фрлаат оган во денот кога ќе ги построи; напа­ѓачите ќе се исправат.

5Колите ќе траскаат по улиците и ќе се судираат една со друга, ќе изгледаат како запалени факли, и ќе светкаат како молњи.

6Тој ги повикува јунаците свои, се фрлаат во рововите, брзаат кон ѕидините на градот, опсадата е веќе подготвена.

7Градските порти кај реките се отвораат, палатата трепери.

8Решено е: Господарката ќе биде во плен одведена, а слугинките нејзини ќе тагуваат како гулаби, удирајќи се в гради.

9Ниневија, откако беше основана, беше како преполнето езеро, а тие бе­гаат пред нејзините води. „Стојте, стој­те!“ Но никој не се свртува да погледа.

10Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натрупаните скапоцени работи.

11Ис 13,7-8; Ер 4,31; 30,6; Јоил 2,6; Дан 5,6Ограбена, опустошена и разурната е таа – срцата се топат, колената трепе­рат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се пребледени.

12Ер 4,7; Ос 5,14; Мих 5,7Каде е сега леглото на лавовите и пасиштата на лавчињата, каде што одеа лав, лавица и лавче, и никој не ги пла­шеше?

13Каде е лавот што грабаше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејќи ги со плен пеште­рите свои и леглата свои со грабеж?

143,5Ете, Јас сум против тебе, вели Гос­под Саваот, и ќе ги претворам во дим твоите бојни коли, и меч ќе ги исече лавчињата твои, и ќе го истребам од земјата грабежот твој; повеќе нема да се чуе гласот на твоите пратеници.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help