1 Солуњаните 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Поздрав

1 2,14; Дела 14,23; 15,22; 16,1; 17,1; Рим 1,7; 1 Кор 1,2; 2 Кор 1,1; 2 Сол 1,1 Од Павле, Силван и Тимотеј – до црквата на Солуњаните во Бог Оте­цот наш и во Господ Исус Христос, бла­годат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос!

Животот и верата на Солуњаните

2 Рим 1,9; Кол 1,3 Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во мо­лит­вите наши, непрестано,

3Рим 8,25; 1 Кор 13,13; Откр 2,2го споменуваме делото на вашата ве­ра, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш.

4Ис 65,9.22; Лк 18,7; Рим 1,7; 8,33; 2 Сол 2,13; 1 Птр 1,2Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани,

5Дела 1,8; Рим 1,16; 15,19; 1 Кор 2,4; 4,20зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: са­ми знаете какви бевме меѓу вас заради вас.

6Мт 10,18; Мк 13,9; Лк 8,13; 21,12-13; Јн 15,20; Дела 6,4; 13,52; 17,5-9; 1 Кор 4,16; 11,1; Фил 1,14; 3,17И вие се угледавте на нас и на Гос­под, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух,

7Рим 15,26; 1 Птр 5,3така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.

8Рим 1,8; 2 Сол 3,1Зашто од вас одекна словото Гос­по­дово не само во Македонија и Ахаја, ту­ку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.

9Ер 10,10; Јн 17,3; Дела 14,15Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и ка­ко од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистин­ски Бог,

10Мт 3,7; Рим 5,9; 1 Кор 1,7; Тит 2,13и да Го очекувате од небесата Не­го­виот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гне­вот што доаѓа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help