1 12,2.7; 13,14-17; 5 Мојс 33,29; Пс 28,7 По оние настани беше упатено слово Господово кон Аврам во видение: „Не плаши се, Авраме! Јас сум ти закрила, и наградата твоја ќе биде многу голема.“
2Дела 7,5А Аврам рече: „Господи, зошто ми се Твоите дарови кога сум без пород, а наследник во мојата куќа е Елиезер од Дамаск?“
3И пак рече Аврам: „Бидејќи, Ти не ми даде потомство, ете, затоа еден од слугите родени во куќата моја, ќе биде мој наследник.“
4Но Господ пак проговори: „Нема тој да ти биде наследник, туку оној, кој ќе произлезе од тебе, тој ќе ти биде наследник.“
55 Мојс 1,10; Евр 11,12Па го изведе надвор и му рече: „Погледни на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш.“ И му рече: „Толкаво ќе биде потомството твое.“
6Рим 4,3; Гал 3,6; Јк 2,23И Му поверува Аврам на Господ, и тоа му се засмета за праведност.
711,31И му рече: „Јас сум Господ, Кој те изведе од Ур Халдејски за да ти ја дадам оваа земја, да ја владееш.“
8А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе познаам дека ќе ја наследам?“
9И му рече: „Принеси Ми јуница од три години, и коза тригодишна, и овен од три години, а и грлица и млад гулаб!“
10Ер 34,18-20И тој го зеде сето тоа, и ги пресече на половина и ги стави сите половини една спроти друга; само птиците не ги преполови.
11А птици грабливки слетуваа на лешевите; но Аврам ги бркаше.
122,21; 2 Мојс 12,40; Јов 4,12-16А кога сонцето беше на залез, го совлада Аврам длабок сон, и ете, го опфати голем мрак – и го обзеде ужас.
13Гал 3,17И Господ му рече на Аврам: „Знај дека потомците твои ќе бидат придојдени во туѓа земја, ќе робуваат и ќе ги мачат четиристотини години.
14Дела 7,6-7Но јас ќе го судам народот кај кого тие ќе бидат во ропство; потоа тие ќе излезат оттаму со големо богатство.
15А ти ќе отидеш кај татковците свои во мир, и ќе бидеш погребан во среќна старост.
16Тие, пак, во четвртото колено ќе се вратат ваму; зашто беззаконијата на Аморејците уште не го достигнале својот врв.“
17А кога сонцето зајде и падна мрак, ете, дим како од печка и огнен пламен, помина меѓу оние делови.
1812,7; 17,2Во тој ден Господ направи завет со Аврам, велејќи: „На потомството твое му ја давам оваа земја од реката во Египет до големата река Еуфрат:
19Кенијците, Кенизијците, Кадмонијците,
202 Мојс 3,8.17; 34,11; 5 Мојс 7,1Хитијците, Перизијците, Рефаимците,
21Аморејците, Хананците, Гергесејците и Јевусијците!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.