Исаија 52 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Благовесниците на мирот му објавуваат спасение на Сион

1 48,2; 51,9.17; Ез 44,9; Јоил 4,17; Откр 21,27 Дигни се, дигни, облечи се во силата своја, Сионе! Облечи се во облеката на величието свое, Ерусалиме, свети граде! Зашто отсега нема повеќе да влегува во тебе необрезан и нечист.

249,25; Ер 48,46Истреси го од себе правот; стани, заробен Ерусалиме! Симни ги веригите од вратот свој, заробена ќерко Сионова!

Страдањата ќе прекинат

3 45,13; Пс 44,12; 1 Птр 1,18-19 Зашто вака вели Господ: „За ништо бевте продадени, и без пари ќе бидете откупени.“

410,24И уште вака вели Господ Бог: „Народот Мој одеше порано во Египет за да поживее таму, а Ашур го притеснуваше без причина.

549,7; 51,13; Ез 36,20-22; Рим 2,24А сега што имам тука“ – вели Господ: „Народот Мој е земен без при­чина, владетелите нивни беснеат, вели Господ, и постојано, секој ден, името Мое се навредува.

641,4; 58,9Затоа Мојот народ ќе го познае името Мое; затоа ќе разбере во оној ден дека Јас сум истиот, Кој вели: ‚еве Ме!‘“

Надеж за Ерусалим

7 40,9; Наум 2,1; Мк; 16,15-16; Рим 10,15; Откр 14,6 Колку се прекрасни врз горите нозе­те на благовесникот, кој навестува мир, благовестува радост, проповеда спасение, кој му говори на Сион: „Твојот Бог царува!“

82 Мојс 33,20; 4 Мојс 14,14; Ер 6,17; Ез 43,1-5Ете го гласот на твоите стражи! Тие кренаа глас, и сите заедно ликуваат, за­што со очите свои гледаат дека Господ се враќа во Сион.

949,13; 51,3Веселете се, пејте заедно, урнатини ерусалимски, зашто Господ го утеши народот Свој – го откупи Ерусалим.

1040,5; Пс 98,1-4; Лк 2,30Ја засука Господ Својата света десница пред очите на сите народи, – и сите краишта земни ќе го видат спасението од нашиот Бог.

Заповед за напуштање на Вавилон

11 4 Мојс 16,26; Ер 51,45; 2 Кор 6,17; Откр 18,4 Одете си, одете си, излезете оттаму; не допирајте се до нечисто; излезете од средината негова, очистете се, вие што носите садови Господови!

1258,8; 2 Мојс 12,31-34.39; 13,21; 14,9.19; Мих 2,13Зашто нема да излезете набрзина и нема да бегате; зашто пред вас ќе тргне Господ, и Бог Израелов ќе биде зад вас.

Страдалниот Слуга

13 57,15; Ер 23,5; Јн 3,14; 12,32; Ефес; 1,20-21; Фил 2,9 Ете, Мојот Слуга ќе успее, ќе се воздигне, ќе се возвиси и возвеличи.

1449,7; Пс 22,6; Мт; 27,29-31; Јн 19,5Како што мнозина беа вџашени, гледајќи во Него – толку ликот Негов беше обезличен повеќе, отколку на се­кој човек, и видот Негов – повеќе, от­колку на синовите човечки,

1564,3; 65,1; Мих 7,16; Рим 15,21така ќе восхити многу народи, цареви ќе ја затвораат пред Него устата своја, зашто ќе го видат она, за кое не им било говорено, и ќе го дознаат она што не го слушнале.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help