1 2 Кор 13,13; Кол 3,12 И така, ако во Христос има некаква утеха, ако има некаков поттик од љубовта, ако има некакво заедништво со Духот, ако има некое милосрдие и сострадание,
2Рим 15,5; 1 Кор 1,10-16исполнете ја мојата радост: бидете со една мисла, бидејќи имате една и иста љубов, и бидете еднодушни и едномислени;
3Рим 12,10; Гал 5,26не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси!
42,21; 1 Кор 10,24.33; 13,5Не грижете се секој само за себе, туку и за другите!
5Јн 13,15; Рим 15,5; 1 Јн 2,6Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос,
6Јн 1,1-2; 17,5; Кол 1,15; Евр 1,3Кој, иако беше во Божји лик, не сметаше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога;
7Мт 20,28; Јн 1,14; Рим 8,3; 2 Кор 8,9; 1 Тим 2,5; Евр 2,14.17но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек;
8Мт 26,39; Јн 4,34; 6,38; 10,17; Рим 5,19; Евр 2,9; 5,8; 12,2Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст.
9Мт 23,12; Јн 12,32; Ефес 1,20-23; Евр 1,3-4Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име,
10Ис 45,23; Рим 14,11; Ефес 3,14; 4,10; Кол 1,18-20та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно,
11Дела 2,36; Рим 1,4; 10,9и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Отецот.
Задача на христијаните12 Пс 2,11-12; 1 Кор 2,3; 2 Кор 7,15 Затоа, возљубени мои, како што секогаш ме слушавте, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение,
131 Кор 12,6; 15,10; 2 Кор 3,5; Ефес 2,10; 1 Сол 2,13; Евр 13,21зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја.
144 Мојс 14,2.9; 1 Кор 10,10; 1 Птр 4,9Правете сѐ без мрморење и двоумење,
151,10; 5 Мојс 32,5; Дан 12,3; Мт 5,14; 10,16; 12,39; Дела 2,40за да бидете прави и чисти, непорочни чеда Божји, сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот,
161,6; Ис 49,4; 65,23; Дела 20,24; 1 Кор 1,8; Гал 2,2; 4,11; 1 Сол 2,1.19; 3,5држејќи се за словото на животот, за моја гордост во денот Христов, дека не трчав напразно и не се трудев напразно.
173,3; Рим 12,1; 15,16; 2 Тим 4,6Но, иако се излевам како жртва леаница и за служба на вашата вера, се радувам сам и се радувам со сите вас.
183,1; 4,4Така исто радувајте се и вие и зарадувајте ме!
Мисиите на Тимотеј и Епафродит19 Дела 16,1 А се надевам во Господ Исус дека наскоро кај вас ќе го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам со духот.
201,15-17Всушност, немам ниту еден истомисленик, кој толку искрено би се грижел за вас.
212,4; 2 Тим 4,10Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос;
221,1.5а неговата опитност е позната; тој, како син на татко, слугуваше заедно со мене при благовестувањето.
23Него, пак, се надевам дека ќе го испратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене;
241,25; Рим 14,14а се надевам во Господ дека и сам скоро ќе дојдам кај вас.
254,18Сметам дека е потребно кај вас да го испратам братот Епафродит, мој сотрудник и соборец во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои,
26бидејќи тој копнееше да ве види сите вас и многу жалеше што сте чуле дека бил болен.
27Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, и не само него, туку и мене, за да не ми се натовари една жалост врз друга.
28Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видите пак, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален.
291 Кор 16,16; 1 Тим 5,17Примете го, пак, во Господ со секаква радост, и такви почитувајте,
30Дела 20,24; 2 Кор 8,14; Кол 1,24бидејќи за Христовото дело тој беше скоро на умирање, не жалејќи го својот живот за да го дополни недостигот на вашата служба кон мене.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.