2 Летописи 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Авија го победува Јеровоама(1 Цар 15,1-8)

1Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоам над Јуда стана цар Авија;

2тој царуваше три години во Еру­салим; мајка му се викаше Михаја, ќер­ка Уриилова, од Гива. И Авија водеше војна со Јеровоам.

3Авија поведе во војна војска од храб­ри луѓе, четиристотини илјади одбрани мажи, а Јеровоам излезе против него во бој со осумстотини илјади мажи, исто така одбрани јунаци.

4И застана Авија на врвот од планината Цемараим, една од Ефремовите гори, и рече: „Чујте ме, Јеровоаме и си­те Израелци!

53 Мојс 2,13; 2 Сам 7,13; 1 Лет 17,12Не знаете ли дека Господ, Бог Изра­елов, му го даде на Давид цар­ството над Израел засекогаш, нему и на синовите негови, според заветот вечен.“

61 Цар 11,26Но се крена Јеровоам, синот Нава­тов, слуга на Давидовиот син Соло­мон, и се побуни против господарот свој.

7Суд 9,4; 1 Лет 29,1И се собраа околу него луѓе долни, развратници и станаа против Ровоам, синот Соломонов; а Ровоам беше млад и со слабо срце, и не издржа против нив.

82 Мојс 32,4; 2 Сам 4,3; 1 Цар 12,28-30А сега вие мислите дека можете да застанете против царството Госпо­дово, кое е во рацете на Давидовите синови, зашто вас ве има многу и затоа што имате златни телиња, што ви ги напра­ви Јеровоам за богови.

92 Мојс 29,35-36; 1 Цар 12,31; Ер 2,11; Гал 4,8Нели вие ги изгонивте свеште­ниците Господови, синовите Аронови, и левитите, и си поставивте свеште­ници, какви што има кај народите во другите земји? Секој, што доаѓа за свое посветување со теле и седум овни, тој станува кај вас свештеник на лажни богови.

10А кај нас – Господ е наш Бог; ние не сме Го оставиле; на Господ Му служат како свештеници синовите Аронови, и левитите се на својата служба.

112 Мојс 29,39; 1 Лет 9,32Тие Му жртвуваат на Господ сепаленици, секое утро и секоја вечер, и миризливо кадиво, ги поставуваат лебо­вите на трпеза од чисто злато и ги па­лат кандилцата на златниот светилник за да горат секоја вечер, зашто ние ја пазиме наредбата на Господ, нашиот Бог, а вие сте Го ос­тавиле.

124 Мојс 10,8-9; Суд 2,15; Дела 5,39И, ете, нам на чело ни е Бог и Него­вите свештеници и громогласните тру­би, за да грмат против вас. Синови Из­раелови, не војувајте против Господ, Бог на вашите предци, зашто нема да успеете!

13Ис.Н. 8,9Во тоа време Јеровоам направи за­седа зад нивниот тил, така што самиот тој беше пред Јудејците, а заседата – зад нив.

14И кога се обѕрнаа Јудејците, – туку гледај борба и отспреди и одзади; и по­викаа кон Господ, а свештени­ците за­трубија со труби.

151 Лет 9,1И почнаа да викаат Јудејците. И кога Јудејците повторно извикаа, Бог го порази Јеровоам и сите Израелци пред Авија и Јуда.

16И синовите Израелови почнаа да бегаат пред Јудејците; и Бог ги предаде во рацете нивни.

17Авија и народот негов страшно ги поразија; и паднаа од Израелците петстотини илјади одбрани јунаци.

18Пс 22,4Така синовите израелски беа пони­зени, а синовите Јудини станаа силни, зашто се надеваа на Господ, Бог на нив­ните предци.

19Авија, пак, го гонеше Јеровоама и му ги одзеде градовите: Ветил и нему потчинетите села, Јешан со селата не­гови и Ефрон со потчинетите му села.

20И Јеровоам веќе не се совзеде во дните на Авија. Господ го порази и тој умре.

21Авија, пак, се засили; си зеде четиринаесет жени и роди дваесет и два сина и шеснаесет ќерки.

22Другите дела на Авија, делата не­гови и зборовите негови се опи­шани во записите на пророкот Идо.

Побожноста и верноста на царот Аса

23 1 Цар 15,8 И почина Авија кај своите предци и го погребаа во Давидовиот град. На не­гово место се зацари синот негов Аса. Во неговите дни земјата беше спокојна десет години.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help