Псалми 107 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПЕТТА КНИГАПСАЛМ 107Благодарствена песна на избавените кои Го призиваат Господа во мака

1 100,5; 106,1; 118,1.29; 135,3; 136,1; Ер 33,11; Езд 3,11; 1 Лет 16,34.41 Славете Го Господа, зашто е до­бар, зашто е вечна милоста Негова!

2106,10; Ис 62,12Така да велат избавените од Господ, оние што ги откупи од непријателска рака.

3106,47; Ис 11,12; 43,5-6; 49,11; Зах 8,7-8И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето.

45 Мојс 8,15; 32,10; Ез 34,6Тие скитаа по безводната пустина и нигде пат ниту населен град не најдоа;

5Ис 41,17; 49,9трпеа глад и жед, душата им ос­лабна во нив,

634,17; Ис 63,9; Ос 5,15но во жалоста своја Го повикаа Гос­пода, и Тој ги избави од нивните неволји

75 Мојс 6,10; Ис 35,8; 40,2; 43,19и ги поведе по правиот пат, за да одат кон населен град.

8Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки:

9146,7; Ис 49,10; 55,1; Лк 1,53зашто Тој ја напојува жедната душа и душата гладна ја исполнува со блага.

10Ис 9,1; 42,6.21; Јов 36,8-9; Лк 1,79Тие седеа во темнина и смртна сен­ка, оковани со сиромаштија и железо;

11106,43; 3 Мојс 26,40-41бидејќи не се покорија на зборо­вите Божји и се противеа на волјата на Се­вишниот.

1222,11; Јов 30,13Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне.

1322,5; 106,44Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни;

14Ис 42,7.16; 49,8; 51,13; 52,1; 61,1ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни.

15Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки,

16Ис 45,2; 61,1; Ер 51,30зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња.

17Неразумните страдаа поради своите грешни патишта и поради беззаконијата свои!

18Ис 38,10; Јов 6,6-7Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта.

19Но во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од неволјите нив­ни;

20147,15.18; Ис 9,7; 55,9-10; Јов 33,18; 18,13-15; Мт 8,8; Дела 13,26го испрати Своето слово, ги изле­кува и ги спаси од пропаст.

21Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова спрема синовите човеч­ки!

2250,14; Евр 13,15Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост.

23Оние што запловија по море на ко­раби, што имаа работа по големите води –

24тие ги гледаа делата на Господ и чудесата Негови во длабочините.

25Јона 1,4-5Тој рече – и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови;

26се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во неволјата;

27Ис 29,9тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им ис­чез­нува.

28Јона; 1,14-15Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господ, и Тој ги изведе од маките нив­ни.

2965,7; 89,9; Ис 43,2; 57,19; Мт 8,26И ѝ заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа.

30Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Тој ги упати кон нивното сака­но пристаниште.

31Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудес­ни дела спрема синовите човечки!

32Нека Го возвеличуваат со собра­нието народно и нека Го слават во со­ветите на старешините!

33Ис 42,15; 44,26; 50,2Тој претвора реки во пустина, и водни извори – во сушна земја,

34114,8; 1 Мојс 13,10; 19,22-27; 5 Мојс 29,22земја плодородна – во солница, по­ради злобата на оние што живеат во неа.

35114,8; Ис 41,18Тој претвори пустина во езеро, а сува земја – во земја со водни извори;

36Ез 36,35таму насели гладни, а тие изгра­дија град за живеење;

37Ис 65,21; Ер 31,5; Амос; 9,13-15засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови.

385 Мојс 7,13-14; Ис 49,21Тој ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивен Тој не им го намалуваше.

39Кога беа проредени и пострадаа од притисокот на злото и од неволјата,

40Јов 12,21.24; Лк 1,51-52Тој изли презир над кнезовите и ги остави да скитаат по пустината, каде што нема патишта.

41113,7-8; 147,6; 1 Сам 2,8; Ис 65,13-14; Ер 31,27; Јов 21,8-11; Лк 1,52-53Но бедниот го извлече од сиромаштија, го умножи родот негов како овчо стадо.

4258,10; 63,11; Јов 5,16; 22,18Праведните го гледаат тоа и се ра­дуваат, а секоја злоба си ја затвора устата своја.

43Ер 9,11; Ос 14,10Кој е мудар и го пази ова, ќе ја раз­бере милоста Господова.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help