Дела 27 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Павле е испратен во Рим

1Кога беше одлучено да отпло­виме за Италија, Павле и неколку други затвореници ги предадоа на еден стотник, по име Јулиј, од царската чета.

2.

15И штом го зграби коработ, бидејќи не можеше да му се противстави на вет­рот, ние им се препуштивме на брано­вите да нѐ носат.

16Минувајќи покрај едно островче, кое се вика Кавда, одвај можевме да го задржиме коработ.

17Кога го извлекоа, употребија се­как­ви средства и го врзаа коработ одоздо­ла; бидејќи се плашеа да не се насукаат на Сиртите, ги спуштија едрата и така бевме носени од струјата.

18На другиот ден, бидејќи бевме сил­но фрлани од бурата, почнаа да го ис­фр­луваат товарот,

19Јона 1,5а на третиот ден сами со рацете свои ја исфрлаа опремата на коработ.

20Но, бидејќи во текот на многу дни не се појави ни сонце, ни ѕвезда, а бес­нееше и прилично голема бура, понатаму исчезнуваше секаква надеж дека ќе се спасиме.

21И бидејќи веќе долго време не беа јадени, Павле застана сред нив и рече: „Луѓе, браќа, требаше да ме послушате и да не тргаме од Крит, и ќе ги избег­нев­ме овие маки и штети.

22А сега ви советувам да бидете бод­ри, зашто ниедна душа од вас нема да загине, освен коработ.

23Бидејќи ноќеска ми се јави ангелот од Бога, Чиј сум и Кому Му служам,

2418,9и рече: ‚Не плаши се, Павле, ти тре­ба да излезеш пред царот; и ете, Господ ти ги дарува сите, што пловат со тебе.‘

25Затоа, браќа, не плашете се, зашто Му верувам на Бога дека ќе се случи така, како што ми беше речено.

26Но, треба да бидеме исфрлени на еден остров.“

27Беше веќе четиринаесетта ноќ, от­како бевме носени наваму-натаму по Јадранското Море, кога кон полноќ морнарите насетија дека се при­бли­жу­ваат до некакво копно,

28и, кога ја измерија длабочината, от­крија дека изнесува дваесет фати; па отидоа малку потаму, измерија пак и најдоа петнаесет фати.

29И бидејќи се плашеа да не удрат на карпести места, од страната на кор­ми­лото спуштија четири котви, па чекаа да осамне.

30А кога морнарите намислија да по­бегнат од коработ, и спуштија чун во морето како да ќе спуштаат котви од предната страна,

31Павле му рече на стотникот и на војниците: „Ако овие не останат на ко­работ, вие не можете да се спасите.“

32Тогаш војниците ги пресекоа ја­жи­њата на чунот и го оставија да падне до­лу.

33И пред да осамне, Павле ги покани сите да каснат, велејќи: „Денес е чети­ринаесетти ден, откако во исчекување стоите гладни, не вкусувајќи ништо.

34Мт 10,30Затоа, ве молам, каснете: тоа ќе ви го спаси животот. Впрочем, на ниеден од вас нема да му падне ни влакно од главата.“

35Штом го рече тоа, зеде леб, Му бла­годари на Бога пред сите, прекрши и почна да јаде.

36Тогаш се ободрија сите и зедоа хра­на;

37а во коработ нѐ имаше вкупно двесте седумдесет и шест души.

38И кога се поткрепија, почнаа да го олеснуваат коработ, исфрлувајќи го житото в море.

Бродолом

39Штом се раздени, земјата не ја познаа, но забележаа еден залив со песок, на кој решија, ако им појде од рака, да го извлечат коработ.

40И дигајќи ги котвите, се заплови по морето; а покрај другото ги разлабавија и врските на кормилата, го развија ма­лото едро спрема ветрецот што дуваше, та пловеа кон брегот.

41Но удирајќи на еден гребен, прамецот на коработ се заби и веќе не се по­мрдна, а задниот дел од коработ се раз­биваше од силата на брановите.

4212,19; 16,27Војниците, пак, помислија да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне.

43Но стотникот, сакајќи да го спаси Павле, ги одврати од таа намера и за­по­веда најнапред да скокнат и да излезат на земја оние, што знаат да пливаат,

44а другите – кој на штица, кој на штогоде од коработ. И така излегоа си­те живи и здрави на земја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help