Повторени закони 26 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Првините од земјата

1Кога ќе дојдеш во земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава како наследство да ја запоседнеш,

218,4; 2 Мојс 13,12земи ги првините од плодовите на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, стави ги во кошница, и оди на она место, кое Господ, твојот Бог, ќе го одбере, за живеалиште на името Не­гово;

3потоа оди кај свештеникот, кој е на служба во тие денови и кажи му: „Де­нес изјавувам пред Господ, твојот Бог, дека влегов во земјата, за која Господ им се заколна на предците наши дека ќе ни ја даде.“

4Свештеникот да ја земе кошницата од раката твоја и да ја стави пред жртвеникот на Господ, твојот Бог.

510,18.19.22Ти, пак, одговори и кажи пред Гос­под, твојот Бог: „Мојот предок беше Арамеец скиталец и отиде во Египет и се насели таму со мал број луѓе, и од него произлезе таму голем народ – силен и многуброен.

62 Мојс 1,11И Египќаните постапуваа лошо со нас, нѐ притеснуваа и ни наложуваа тешка работа;

7тогаш ние завикавме кон Господ, Бог на нашите предци, и Господ го чу нашиот повик, и ја виде бедата наша, маките наши и неволјите наши;

84,34и нѐ изведе Господ од Египет: со силна рака, со голем ужас, со знаменија и чуда,

9па нѐ доведе на ова место и ни ја даде оваа земја – земја во која тече мед и млеко.

10И така, ете, ги донесов првините од плодовите на земјата, која Ти, Господи, ми ја даде, земјата.“ Стави го тоа пред Господ, твојот Бог, поклони се пред Господ, твојот Бог,

11па развесели се потоа за сите добра, што Господ, твојот Бог, ти ги даде тебе и на домот твој – ти и левитот и придој­дениот, што е кај тебе.

Годината на десетоците

12 14,28-29; 2 Мојс 12,48 Кога ќе ги одделиш сите десетоци од плодовите во третата година, годината на десетоците, и им дадеш на левитот, на дојденецот, на сиракот и на вдовицата, за да јадат во градовите твои и да се наситуваат,

13тогаш кажи пред Господ, твојот Бог: „Изнасобравме сѐ, што е свето во домот, и го дадов на левитот, придојдениот, сиракот и вдовицата, според сите Твои заповеди, како што ми заповеда: јас не направив престап спрема Твоите заповеди и не ги заборавив;

14во тагата не јадев од нив, ниту од­делив од нив за нечиста потреба, ниту дадов од нив за умрено; го послушав гласот на Господ, мојот Бог – исполнив сѐ како што ми заповеда Ти.

15Погледни од небото од Твојот свет храм и благослови го народот Свој Из­раел и земјата што ни ја даде, како што им се заколна на прадедовците наши, земјата, во која тече мед и млеко.“

Израел – народ Божји

16Денес Господ, твојот Бог, ти заповеда да ги извршуваш овие наредби и закони: пази ги и исполнувај ги со сето свое срце и со сета своја душа.

17Денес си Му ветил на Господ, дека ќе биде твој Бог, дека ќе одиш по Не­говите патишта и ќе ги почитуваш на­редбите Негови и ќе го слушаш гласот Негов;

18и Господ ве избра денес вие да Му бидете Негов избран народ, како што ти рече ако ги почитувате сите заповеди Негови,

197,6и дека Тој ќе те постави погоре од сите народи, што ги создал: прочуен, фален, славен, и дека вие ќе Му бидете свет народ на Господ, вашиот Бог, како што беше ветил.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help