Псалми 109 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПСАЛМ 109Молитва од гонет за да се казнат неговите непријатели и Бог да се смилува на него

1 28,1; 35,22 Боже, похвало моја, не премолчу­вај,

2зашто против мене се отворени грешни и лажливи усти; зборуваат со лажлив јазик против мене;

338,12; 69,4отсекаде ме опкружуваат со злобни зборови, и без причина ме напа­ѓаат;

435,13; Ер 18,20место да ми возвратат со љубов, тие стануваат против мене, а јас се молам;

535,12; 38,20; 1 Мојс 44,4ми враќаат зло за добро, омраза – за љубов:

6Зах 3,1; Јов 1,6„Постави над него грешник, и ѓаво­лот да застане десно од него.

7Изреки 28,9Кога ќе му се суди, нека биде осуден, и молитвата негова да се прими за грев;

8Дела 1,20дните негови да бидат кратки, а неговото достоинство друг да го земе;

92 Мојс 22,23; Ер 18,21децата негови да останат сираци, а жената му – вдовица;

10децата негови да скитаат и да станат просјаци, изгонети надвор од своите домови.

11Јов 5,4-5; 20,17Заемодавецот да му земе сѐ што има, и туѓинци да го разграбаат трудот негов;

12Ис 14,21нека нема кој да го заштити, да нема и кој да се смили над сираците негови;

13Јов 18,17.19; Изреки 10,7потомството негово да загине, и да се избрише името негово во следниот род;

142 Мојс 20,5; Ер 18,23; Плач 1,22да биде спомнато пред Господ беззаконието на татковците негови, и гревот на мајка му да не се очисти;

1534,16; 90,8; 139,16тие секогаш да бидат пред очите на Господ, и да се избрише споменот нивни на земјата.

16Јов 20,19Зашто не помислил да покаже милост, туку ги гонеше бедните, си­ромасите, и оние со скршено срце, за да ги уништи;

17засакал клетва – па таа нека го стигне: не посакал благослов, – тој нека се оддалечи од него;

184 Мојс 5,22-24нека се облече во клетва како во облека; и таа нека влезе во него како вода, и како масло – во неговите коски;

1973,6; 76,10та да му биде како облека, во која се облекува, и како појас, со кој секогаш се опашува.“

20Таква нека биде отплатата од Господ на оние што ме мразат и на оние што лошо зборуваат против душата моја.

2125,11; 31,3; 79,9; 103,8; 106,8; 143,11; Ис 48,9; Ер 14,7.21; Ез 20,9; 20,13.21.43А мене, Господи, Господи, заш­тити ме заради Твоето име, зашто е блага милоста Твоја; избави ме,

2240,17; 55,4; 143,4зашто сум беден и сиромав, и срцето мое во мене е рането.

23102,11; 144,4; Јов 8,9Исчезнувам како сенка што се од­далечува; ме гонат како скакулец.

2469,10Колената ми изнемоштија од пост, а телото мое ослабе.

2522,6-7; Јов 16,4; Мт 27,29Им станав за потсмев; оние што ме гледаат, нишаат со главите свои.

266,4; 70,1Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме поради Твојата милост.

2722,31; 64,9Нека разберат дека е тоа Твојата рака и дека, Ти, Господи, си го напра­вил тоа.

28Тие проколнуваат, а Ти, пак, благослови; и оние што стануваат против мене нека бидат посрамени, а Твојот слуга да се зарадува.

2935,26; 71,13; Ис 65,13-15; Ер 20,11Нека се облечат во презир противниците мои и како со облека да се покријат со својот срам,

3022,25-26; 71,22-23и јас со устата моја многу ќе Го славам Господа и меѓу мнозина ќе Го прославувам,

317,1; 16,8; 31,15; 110,5; 121,5зашто застана од мојата десна страна, за да ја спаси мојата душа од оние што ме гонат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help