1Дали некој од вас, кога има спор против друг, би се осмелил да се суди пред неправедни, а не пред светии?
2Дан 7,22; Мт 19,28; Откр 3,21; 20,4Не знаете ли дека светиите ќе го судат светот? Ако, пак, вие го судите светот, не сте ли достојни да судите за помали работи?
32 Птр 2,4Не знаете ли дека ангели ќе судиме, а не, пак, она секојдневното?
4А кога имате спор за работи од овој свет, за судии земете ги оние кои од црквата се сметаат за безначајни!
5Лк 12,57За ваш срам велам: зарем меѓу вас нема мудар, кој може да расуди меѓу браќата свои?
62 Кор 6,15Туку брат со братот се суди, и тоа пред неверници!
7Мт 5,39-42; 1 Сол 5,15; 1 Птр 3,9Многу срамно е веќе тоа и за вас што имате спорови меѓу себе. Зошто поскоро не трпите неправда? Зошто поскоро не ја претрпите штетата?
8Но вие сами навредувате и нанесувате неправда и ограбувате, и тоа браќата свои.
9Или не знаете дека неправедните нема да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ниту идолопоклониците, ни ракоблудците, ни мажеложниците,
1015,50; Рим 1,29-31; 13,13; Гал 5,19-21; Ефес 5,5ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни разбојниците нема да го наследат царството Божјо.
11Дела 22,16; Ефес 5,26; 2 Сол 2,13; 1 Јн 2,12А такви беа и некои од вас; но се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог.
Прославете Го Бога во своето тело12 7,35; 10,23 „Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене.
131 Сол 4,3-5Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ – за телото.
1415,15.20; Рим 8,11; 2 Кор 4,14; 13,4А Бог и Господ Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја.
1512,12-27; Рим 12,4-5Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христос? Ќе ги земам ли деловите од Христос и да ги направам делови на блудница? Тоа никако!
161 Мојс 2,24; Мт 19,5Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“
17Јн 17,21-23; Рим 8,9-11; 2 Кор 3,17-18А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.
1810,8.14; 1 Тим 6,11Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.
193,16; Јн 2,21Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе?
207,23; Фил 1,20; 1 Птр 1,18-19Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.