Неемија 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Јавно читање на законот

1 3,26; 5 Мојс 28,61; 2 Лет 34,15 Кога настапи седмиот месец, и синовите Израелови беа населени по градовите, се собра сиот народ едно­душно на плоштадот што се наоѓа пред Водните Порти, и му рекоа на кни­жникот Ездра да ја донесе книгата на Мојсеевиот закон, која Господ му ја беше дал на Израел.

23 Мојс 23,23-25; 4 Мојс 29,1-6; 5 Мојс 31,11И свештеникот Ездра го донесе законот пред собранието од мажи, жени и сите што можеа да разбираат, во првиот ден на седмиот месец;

3и читаа од него на плоштадот што е пред Водните Порти, од осамнување до пладне, пред мажите, жените и сите што можеа да разберат; и сиот народ со внимание ја слушаше книгата на законот.

42 Лет 6,13Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Матитија, Шема, Анаја, Урија, Хелкија и Маасеја, а лево од него – Федаја, Мисаил, Малкија, Хашум, Хашба­дана, Захарија и Мешулам.

5Суд 3,20Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стое­ше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана.

62 Тим 2,8Тогаш Ездра Го благослови Гос­пода, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, – кревајќи ги рацете нагоре, поклонувајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господ.

73 Мојс 10,11; 2 Лет 17,7А левитите Јешуа, Ваниј, Шеревија, Јамин, Акув, Шабетај, Ходија, Маасеја, Келита. Азарија, Јозавад, Ханан, Пела­ја му го објаснуваа зако­нот на народот, а народот стоеше на местата свои.

8И читаа разбирливо од книгите, од законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното.

95 Мојс 12,7.12; 16,14-15Тогаш Неемија, и книжникот Ез­дра, свештеник, и левитите, кои го поучуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Овој ден е свет пред Господ, вашиот Бог; не тажете и не плачете,“ – зашто сиот народ плачеше, слушај­ќи ги зборовите на законот.

103 Мојс 23,40; 5 Мојс 12,18; 1 Сам 25,8; 2 Сам 6,19; Ест 9,22; Лк; 14,12-14И им рече: „Одете, јадете добри јадења и пијте добри пијалаци, и ис­пратете им и на оние што немаат при­готвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господ е поткре­па за вас.“

11И левитите го утешуваа сиот народ, велејќи: „Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете.“

12Ест 9,22И појде сиот народ да јаде и да пие и да дели и на оние што немаа и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите што им ги кажаа.

Прославување на празникот

13На другиот ден се собраа старе­шините на родовите од сиот народ, свештениците и левитите кај книжни­кот Ездра, за да им ги објасни зборо­вите на законот.

143 Мојс 23,33-36; 23,39-43И го најдоа напишаното во за­конот што Господ го беше дал преку Мојсеј дека на празникот во седмиот месец синовите Израелови треба да живеат во колиби.

15Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, ве­лејќи: „Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива маслина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја за да направите колиби според запишаното.“

16Отиде народот и донесоа, та си направија колиби, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворо­вите на Божјиот дом, и на плоштадот кај Водните Порти, и на плоштадот кај Ефремовите Порти.

17Целата заедница на оние, што се беа вратиле од пленство, направи колиби и живееја во колиби. Од дните на Исус, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израе­лови. Радоста беше многу голема.

183 Мојс 23,40; 5 Мојс 31,11; 33,10; Езд 3,4И читаа од книгата на законот Божји секој ден, од првиот ден до последниот. И го празнуваа празни­кот седум дена, а на осмиот ден – се одржа собор според уредбата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help