1 20,24; Јк 4,14 Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ќе роди тој ден.
227,21Нека те фали друг, а не устата твоја, – туѓ, а не јазикот твој.
317,25Тежок е каменот, тежок е и песокот; но гневот на глупавиот е потежок и од едното – и од другото.
46,34Лут е гневот, нескротлива е јароста; но кој ќе издржи против зависта?
528,23Подобро отворено разобличување, отколку сокриена љубов.
6Искрени се прекорите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази.
725,16Сита душа го гази и восочниот мед, а на гладна душа и горчливото ѝ е слатко.
86,10-11Она што е птицата, што го напуштила гнездото свое, тоа е човекот, кој го напуштил местото свое.
920,5Маслото и темјанот го радуваат срцето; така е сладок пријателот со неговиот срдечен совет.
1017,17; 18,24Не напуштај го пријателот свој, ниту пријателот на таткото твој, и не му оди на братот во куќата негова во денот на неволјата твоја; подобро сосед во близина, отколку брат надалеку.
1110,1; 23,15; 29,3Биди мудар, синко, и радувај го срцето мое, – и јас ќе имам што да му кажам на оној, што ме клевети.
1222,3Умниот го гледа злото и го одбегнува; а неискусните одат невнимателно и биваат казнувани.
1320,16Земи му ја облеката, зашто се заложил за туѓинец; и за туѓинката земи од него залог.
1428,23Кој со силен глас го поздравува пријателот свој од рано утро, поздравот негов ќе се прифати како клетва.
1519,13Непрестајно капење од стреа во дождлив ден и жена кавгаџика се едно исто:
16кој сака да ја задржи, тој сака да задржи ветар и со својата рака масло да фати.
1718,17Железо железо остри, и човек на човека гневот го изострува.
1825,13Кој ја чува смоквата своја, ќе ги јаде плодовите нејзини, и кој го чува господарот свој, ќе биде почитуван.
1927,10Како што е во водата лице спроти лице, така е и срцето на човека спроти човек.
2013,8Пеколот и бездната не можат да се наситат: така се ненаситни и очите човечки.
2117,3Она што е топилницата за среброто и печката за златото, тоа се за човекот устите, што го фалат.
2226,11Безумниот да го толчиш со железо во дибек заедно со зрната, – безумието нема да се оддели од него.
2312,9-11Добро надгледувај го добитокот свој, води грижа за стадата свои;
24како што богатството не е вечно, така и власта не трае довека.
25Тревата никнува, и зеленило се јавува, па се собираат билки горски,
26тогаш овците треба да ти бидат тебе за облека, и козите – за купување ниви;
27ќе имаш доволно козјо млеко за тебе и за твоите домашни за храна и на твоите слугинки за исхрана.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.