1 Гал 2,19; Кол 2,20 Или, пак, не знаете, браќа, – им зборувам на такви што го познаваат Законот – дека Законот има власт над човекот додека е тој жив?
21 Кор 7,39Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив; ако умре мажот, таа се ослободува од законот, кој ја сврзал со мажот.
3Затоа, ако се омажи за друг маж, додека ѝ е уште жив нејзиниот маж, таа ќе стане прељубница; ако, пак, умре мажот, таа е слободна од законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек.
46,5-6; 2 Кор 5,15; Гал 2,19; Кол 2,14Па така и вие, браќа мои, за Законот преку телото на Исус Христос умревте, за да Му припаднете на Друг, на Оној Кој беше воскреснат од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога.
55,21; 6,21; 8,8; Јк 1,15Зашто, кога живеевме во телото, тогаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ принесеме плод на смртта;
62 Кор 3,6но сега, ние сме слободни од Законот, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква.
Делувањето на Законот7 3,20; 4,15; 13,9; 2 Мојс 20,17; 5 Мојс 5,21 Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, зашто и похотата не би ја познал, ако Законот не велеше: „Не биди похотлив!“
84,15; 1 Кор 15,56; Јк 1,14-15Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква похота; бидејќи гревот без Законот е мртов.
9Некогаш живеев без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживеа.
103 Мојс 18,5; 5 Мојс 4,1; 5,32-33; Ез 20,11Јас, пак, умрев, и се покажа дека заповедта, назначена за да даде живот, истата води во смрт,
111 Мојс 3,13; 2 Кор 11,3; Евр 3,13зашто гревот, поттикнат од заповедта, ме измами и преку неа ме умртви.
125 Мојс 4,8; 1 Тим 1,8Така, значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра.
Гревот преовладува во човекот13 5,20 Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се покаже дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гревот да стане премногу грешен.
14Пс 51,4.6; Јов 14,4; Јн 3,6Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб.
15Гал 5,17Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, туку она што го мразам, тоа го правам.
16Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар.
17Значи, тоа веќе не го правам јас, туку гревот, што живее во мене.
187,5Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; навистина желба за добро во мене има, но не и сила да го правам тоа.
19Зашто не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам.
20Гал 2,20А штом го вршам она што не го сакам, не го вршам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.
21И така, во себе наоѓам ваков закон: кога сакам да го правам доброто, злото ми е близу.
222 Кор 4,16; Ефес 3,16Бидејќи, според својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји,
23Гал 5,16-23.25но во своите телесни делови гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во гревовниот закон, кој е во моите органи.
24Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта?
255,21; 6,23; 1 Кор 15,57Му благодарам на својот Бог преку Исус Христос, нашиот Господ. И така, јас самиот со умот свој му служам на Божјиот закон, а со телото – на гревовниот закон.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.